Органско соединение![]() Органски соединенија се оние кои во својот состав содржат јаглерод (освен некои оксиди на јаглеродот, кои се неоргански соединенија, како и јаглеродната киселина). Органските соединенија се многубројни како резултат на појавата на изомерија во органските молекули. Обично секое органско соединение содржи еден карактеристичен негов дел во својата молекула по кое тоа се разликува од останатите органски соединенија. Тој дел од органската молекула се нарекува функционална група. Органските соединенија, освен по видот на функционалната група, се делат и според видот на хетероатом кој е застапен во молекулата. На тој начин, постојат најразлични органски соединенија. Начини на класификацијаПоради полесно изучување на органските соединенија, тие се поделени на класи. Притоа, класификацијата може да се врши на најразлични начини, па затоа едно исто соединение може да припаѓа на повеќе различни класи. Најчесто, класификацијата на органските соединенија се заснова врз составот, структурата и хемиското однесување. Според составот, органските соединенија се поделени на:
Според структурата на јаглеродната низа, има:
Според функционалната група, има:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia