Заветрени ОстровиЗаветрените Острови се островска група во северниот дел на Малите Антили, источно од Порторико. Се протегаат јужно до Доминика, каде се дел од Западните Инди. Сместени се во североисточниот дел на Карипското Море, кајшто морето се спојува со западниот дел на Атлантскиот Океан. Јужниот дел од архипелагот Мали Антили се нарекува Приветрени Острови. Овие острови се под управа на разни држави, зависно од нивната територијална надлежност. ИмеОстровите се нарекуваат „заветрени“ бидејќи воздушните струења продираат главно од исток (пасати) и со тоа се во заветрина. ИсторијаВо дамнешни времиња, домордни жители на островите биле Карибјаните (по кои се наречени и самите Кариби), како и народот Таинци. Некои од нивните потомци и денес сживеат на островите. Овие острови биле меѓу првите територии што потпаднале под власта на Шпанската империја. Првите контакти со мештаните ги остварил Кристофер Колумбо за време на неговото второто патување, и токму од ова време датираат многу од топонимите на островите. Острови![]() ![]() Од северопазад кон југоисток:
Тука може да се вклучи и малиот оддалечен остров Авес. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia