Загорка Гаврилоска

Загорка Гаврилоска - Коруноска
Родена Загорка Гаврилоска
28 јули 1927 година
Прилеп
Народност Македонка
Татко Алексa Гаврилоски
Мајка Сава Гаврилоска
БратКире Гаврилоски
СестриБорка Гаврилоска, Весела Гаврилоска, Љубица Гаврилоска и Ружа Гаврилоска

Загорка Алексо Гаврилоска подоцна Гаврилоска-Коруновска (28 јули 1927 во Прилеп) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Животопис

Загорка Гаврилоска е носител на Партизанската споменица 1941.

Учествувала во НОД како член на СКОЈ од 1941 година. Како ученнчка учествувала во бојкотот и гимназискиот штрајк во Прилеп, во декември 1941 година. Во 1943 година била член на скоевскиот аткив во гимназијата. Во домот на нејзиното семејство престојувале илегалци и се одржувале илегални состаноци, а таа ја одржувала една од врските со партиската организација во Крушево. Учествувала и во подготовките за исфрлањето на Првиот прилепски партизански одред. Во текот на 1943 година била кандидат на КПМ, а во пролетта 1944 година работела на организирањето на група гимназисти за нивното заминување во единиците на НОВ и ПОМ. Во истата година била на двапати апсена (27 мај 1944), но по краток престој во затворот, била ослободувана.[1] Загорка Гаврилоска била уапсена помеѓу 20 и 25 мај, а била пуштена од истражниот затвор во приквечерните часови на 7 јуни (среда) 1944 година.[2]

На 8 јуни 1944 година стапила како борец во партизанскиот одред „Трајче Петкановски“, но наскоро била префрлена во базата на третиот областен комитет за работа со партиската техника. Во август 1944 година била повлечена за работа во заднината и формирала одбори на АФЖ. Во декември станала инструктор на Месниот Комитет на СКОЈ - Прилеп, а потоа била префрлена на работа во Главниот штаб на НОВ и ПОМ, одговорна по СКОЈ во Штабот. Во март 1945 година била примена за член на КПМ. Носител е на споменица од 1941 година и други одликувања.[1]

Таа е сестра на народниот херој Кире Гаврилоски - Јане. Нивната последна средба била во јануари 1944 година.[2][3]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1019–1020.
  2. 2,0 2,1 Милан Ристески, „Народен херој Кире Гавриловски - Јане“,1968.
  3. Гаврилоска, Загорка (9 мај 1954). „Последна средба“. Нова Македонија. г. Х/бр. 2945: 2.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya