Збирка „Костаки“![]() Збирката на Костаки е уметничка колекција на дела од уметници на руската авангарда, собрани од страна на колекционерот, Џорџ Костаки.[1] Собирањето на делата започнало во 1946 година, а содржи дела изработени од почетокот на 20 век до крајот на меѓувоениот период. Колекцијата вклучува 1.275 дела (масла, проекти, керамика и друго), со што претставува најголема збирка на руската авангарда надвор од Русија.[2] Од страна на грчката држава овие дела се откупени во 1997 година, кога министер за култура бил Евангелос Венизелос. Државниот музеј на современа уметност е основан паралелно со преземањето на колекцијата, а еден дел од оваа колекција е постојана поставка во музејот.[2] Џорџ Костаки (1913 - 1990), кој работел како возач во грчката амбасада во Москва, ги откупувал делата на руските авангардни уметници.[3] Се смета дека за купување се потрошени околу 40 милиони евра, а за складирање дополнителни 200.000 евра.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia