Евангелос Венизелос
Евангелос Венизелос (грчки: Ευάγγελος Βενιζέλος; р. 1 јануари 1957) — грчки политичар, поранешен заменик-премиер и министер за финансии на Грција од 17 јуни 2011 година до март 2012 година[1]. Тој е член на Грчкиот парламент и моментален претседател на партијата ПАСОК. Роден е во Солун. Тој е професор по Уставно право на Правниот факултет на Аристотеловиот универзитет во Солун. На прашањето на новинарот Марк Драгумус дали Евангелос има некаква роднинска врска со Елефтериос Венизелос, тој кажал дека нема никаква врска со него и Венизелос жестоко реагирал дека тој го променил своето име[2][3] . Евангелос Венизелос за пратеник од редовите наз ПАСОК бил избран во 1993 година, 1996 и 2000 година. Тој е член на парламентарната комисија за ревизија на Уставот на земјата. Освен ова, тој бил и член на комисијата за национална одбрана и надворешни работи, на јавната администрација, јавниот ред и правда и за европски прашања. По парламентарните избори од 2007 година, во која ПАСОК бил поразен, Венизелос ја објавил својата кандидатура за водач на ПАСОК. На партиските избори во 2007 година, тој бил поразен од актуелниот водач на партијата, Јоргос Папандреу, добивајќи 38,18% од гласовите против 55,91% за Папандреу.[4]. По реконструкција на владата на Папандреу, на 17 јуни 2011 година станал заменик-премиер и министер за финансии на Грција. На 18 март 2012 година, Венизелос бил избран за претседател на ПАСОК по поразот на неговата партија на изборите и по повлекувањето на Папандреу[5]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia