Зграда на Министерството за образование (Струга)
Зграда на Женското занаетско училиште, познато и како Подрачна зграда на Министерството за образование ― стара зграда во Струга. Зградата е вистински показател на архитектонско градежните вредности на периодот во кој била изградена. Зградата припаѓала на поранешното занаетско училиште наменето за женски и на подрачното одделение на Министерството за образование. Заедно со Старата зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“, зградата е прогласена за Споменик на културата под називот Образовен комплекс на ул. „Партизанска“ бр. 4.[2] Историја![]() Како пишува на плочата поставена на самата зграда, градбата била подигната во 1935 година од страна на Драга Јевтиќ. Таа била професор од Белград, чии што родители биле од Струга. Архитектура![]() Градбата е класичен претставник на градската архитектура, кој датира од почетокот на XX век, поточно во 1935 година. Изградена е со висина од П+1 кат, при што во двете катни висини како градежен материјал била користена полна тула. Во приземјето таа има правоаголен облик, додека катот на јужната фасада од двете страни е повлечена со што се добиени две странични тераси, оградени со профилирана ограда од балустради. На тој начин е збогатен надворешниот изглед на градбата. Фасадата е икрасена со благи профилирани елементи. Од сите страни градбата е оивична со вертикални пиластри. Кај меѓукатната конструкција и стреата се створени хоризонтални фризови, додека отворите се украсени со второстепена пластика со изглед на пиластрите. Целосната столарија во градбата е дрвена, а на некои од приземните прозорски отвори се поставени заштитни метални решетки од надворешна страна. Меѓукатната конструкција е дрвена како и покривот, кој заради разиграноста на катот е повеќеводен и покриен со ќерамиди. Градбата го задржала првичниот фасаден изглед, а за евентуални промени во неговата внатрешност не постојат податоци.[3] Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia