Џамија „Мустафа Челеби“
Џамија „Мустафа Челеби“ — стара османлиска џамија во градот Струга. Му припаѓа на Струшкото муфтиство на ИВЗ и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија. ИсторијаЏамијата е сместена источно од градскиот плоштад и реката Црн Дрим. Се наоѓа на улицата „Вардарска“, непосредно до амамот „Мустафа Челеби“. Градена е од крајот на XVI до почетокот на XVII век. Градбата била обновена во 1985 – 1986 година.[1] и понатаму реконструирана во 2010-тите. Архитектонски опис![]() Храмот претставува еднопросторна куполна градба со димензии од 7,25 × 7,40 м. Куполата лежи на осумстран плиток барабан, а преодот кон него е остварен со помош на тромпи. Осветлен е со прозорски окна сместени на североисточната, југоисточната и северозападната страна во два реда — во долниот има по два прозорци, а во горнииот под еден. Прозорците од југозападната страна се затворени од турбето кое е прилепено до ѕидот однадвор. Прозорците од долниот ред биле во камени рамки, засводени со натпрозорски ниши и завршуваат со прекршен лак и затворени со мушарабии. Тие елементи се отстранети при интервенцијата во 1985 – 1986 г. Куполата изворно била покриена со олово, подоцна заменето со лим.[1] Минарето се наоѓа од западната страна на џамијата. Од осумаголниот постамент преминува во многуаголно тело, на което при врвот се наоѓа шерефето. Оградата на шерефето е метална и под неа има профилиран украс од вертикално поставени тули во три реда.[1] ВнатрешностВнатрешноста се одликува со сите елементи својствени на класичниот период период на османлиските џамии. Михработ, кој е сместен во профилирана правоаголна рамка, е во облик на полукружна ниша која на врвот завршува со сотно поставени тули во пет реда. Десно од него има дрвен минбер со прост облик и скромни украси. По целата ширина на северозападниот ѕид е сместен махвилот — галеријата од која се влегува во минарето. Во 1985 – 1986 година тремот пред грамот е претворен двокатен и сега е во една целина со молитвениот простор. Новиот трем е со керамиден покрив на четири води. Целата внатрешност е декорирана со украси при обновата во 1980-тите.[1] Турбе и двор![]() До југозападниот ѕид по целата ширина е сместено турбе со осум гроба на шеици (богослови) од алветскиот ред, кој бил сместен во блиското бекташко Теќе „Халвети Хасан Баба“. Во влезот на турбето е гробот на Рифат-ефенди, а во другата просторија се гробовете на Хасан ибн Фејзулах, Кадри-ефенди, Ариф-ефенди, Феруш Ханим, Ќемал-ефенди, Саадет Ханим и Сакине Ханим. Турбето има покрив на три води со ќерамиди. Веријатно изградено е на почетокот на XVIII век.[1] Во дворот на џамијата има голем број надгробни плочи.[1] Санација и преизградба на помошна градба![]() Џамијата била прогласена за културно наследство по нејзиното оштетување во несреќа откако во 2012 година помошната градба била опфатена од пожар.[2] Потоа тогашниот муфтија одлучил да го урне тој дел за да прави понова градба. Уривањето е запрено по интервенција за Заводот за заштита на спомениците и силни реакции од граѓаните[3], а муфтијата бил разрешен. Помошната градба бил преизградена, а самата џамија била санирана согласно нормите за заштитени споменици.[2] Тогаш градбата добила статус на „значајно културно наследство“.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia