Здружение на копаничарите на Македонија
Здружението на копаничарите на Македонија - Битола — здружение во Македонија. Здружението било основано на 1993 година во Битола. Здужението се занимава со промовирање на копаничарството, негова афирмација и продолжување на македонската копаничарска традиција. Здружението согласно 2021 година се состои 200 регирстрирано членови, додека активни се 50тина. ИсторијаЗдружението било основано во 1993 година од страна на копаничарите Никола Прчков, Злате Крстески и Мирко Гашпарец. Идејата за создавање на здружението дошла во 1992 година, а службено било регистрирано на 25 јануари 1993 година. Основачите, меѓу веќе споменатите, биле: Александар Чавдаровски, Гоце Крстески, Веселин Талевски, Љупчо Димовски, сите од Битола.[1] Првата изложба на членовите на здружението била во истата 1993 година, од 10 до 23 мај во Ликовната галерија во Битола. Во 90те години, биле организирани по неколку изложби годишно.[1] Првата колонија била одржана од 3 до 10 јуни 1994 година во манастирот Јован Бигорски каде што неколку години таму била одржувана.[2] Активности![]() Здружението, по повод 50 години постоење на Шумарскиот факултет и пет години од идејата за ЗКМАК, организирало семинар на македонското копаничарсто на 11 декември 1997 во Скопје.[3] ЗКМАК на годишно ниво прави една колонија и се одржува во јуни. Досега колонијата била правена манастирите Јован Бигорски, Јоаким Осоговски, Буковскиот манастир, Орешкиот манастир, Полошкиот манастир. Исложбата на ЗКМАК традиционално е одржувана во септември во Скопје во Домот на АРМ. ПубликацииВо пролетта 1996 година излегло првото издание „Копаничар“ како пишан труд на здружението. Списанието излегува еднаш годишно.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia