Зеленонога тринга
Зеленоногата тринга (науч. Tringa nebularia) е крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa), која заедно со жолтоногата и дамчестата тринга сочинуваат поблиска група, покажувајќи ја различноста во бојата на нозете. Оваа птица е субарктичка, распространета од северна Шкотска на исток, преку северна Европа и Азија. Ја има и во Македонија. таа е типична птица преселница која зимува во Африка, Индија и Австралија. Опис![]() ![]() Зеленоногата тринга е долга до 35 см со распон на крилјата од 70 см и тежина од 280 г. Тој има долги сивозелени нозе и долг, силен и малку искривен надолу клун. Горните делови му се кафеавосива боја, а стомакот е бел. Немаат полов диморфизам. Природни непријатели им се грабливите птици. Во принцип, тие е кротки и внимателни птици кои знаат да пливаат и нуркаат. Неговото пеење звучи како тиу-тиу-тиу. РазмножувањеОвие птици гнездат на сува земја близу до мочурливи предели. Сезоната за парење трае од мај до јули. Гнездото е шуплина во земјата послана со трева. Женките несат 4-5 големи јајца кои се инкубираат од двата родитела во период од 25 дена. Пилињата уште од првиот ден на животот се многу активни. ИсхранаКако повеќето крајбрежни птици се хранат со разни безрбетници, инсекти, мекотели, црви, како и со мали риби. СтатусЗа овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia