ЗенфтенбергЗа други истоимени места, погледајте Зенфтенберг (појаснување).
Зенфтенберг (германски: Senftenberg, лужички: Zły Komorow) — град во јужен Бранденбург, Германија, административно седиште на округот Горен Шпревалд-Лужица. ГеографијаЗенфтенберг се наоѓа во југозападниот дел на историската област Долна Лужица на границата со Саксонија. Неговиот центар се наоѓа северно од реката Шварце Елстер и вештачкото Зенфтенбершко Езеро, дел од синџирот на лужички езера, околу 20 километри северозападно од Хојерсверда и 35 километри југозападно од Котбус. На исток од градот се наоѓа големо железничко товарно депо. ИсторијаЗенфтенберг бил првпат споменат во декрет од 1279 издаден од Хајнрих III, маркгроф на Мајсен. Со Долна Лужица, населбата била припоена кон Кралството Чешка во 1368. Изборниот кнез Фридрих II на Саксонија го припоил Зенфтенберг во 1448, кога областа како гранично упориште на династијата Ветин била одвоена од чешката Лужица, до 1635 кога сите лужички територии паднела под власта на Саксонија со мирот постигнат во Прага. Според Виенскиот конгрес во 1815 г., Долна Лужица била припоена од Прусија и администрирана во склоп на покраината Бранденбург. Меѓународни односиЗенфтенберг е збратимен со:
ТуризамЗенфтенбершкото Езеро е популарно одредиште за дневни излети и одмори. Во 1973, поранешниот отворен јагленокоп бил официјално отворен за јавноста. Денес, езерото е познато по исклучителниот квалитет на водата. Тоа е дел од т.н. Лужичка езерска област, група на 23 вештачки езера. Околу езерото постои велосипедска патека во должина од 18 километри, која е поврзана со голем број на регионални и национални велосипедски патеки. ДемографијаПо втората половина на 19 век, бројот на жители се зголемил поради работниците кои дошле да работат во јагленокопите во Зенфтенберг. По повторното обединување на Германија, многу жители се иселиле во западниот дел на Германија.
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia