Златарица (река)Оваа статија се однесува на за река. За други истоимени места, погл. Златарица (појаснување).
Златарица — река во Разлошко, Пиринска Македонија, лева притока на Места. Долга е 21 км[1] и тече низ општините Белица и Мехомија (Разлог). Реката извира од северот на Велиичко-виденичкиот Дел на Западните Родопи, на надморска височина од 1.570 м. Изворот е 1,6 км југоисточно од маалото Узунмахала на селото Гарван (Златарица). Тече низ длабока и пошумена долина. До устието на најголемата притока Палатик тече на запад, а потоа свртува на југозапад; овде долината се проширува и се појавуваат речни тераси на кои има мали ниви. Завршува како лева притока на Места (на 713 м.н.в.), 2,7 км јужно од селото Елешница во Општина Мехомија.[1] Сливот зафаќа 111 км2, што претставува 3,22 % од вкупниот слив на Места.[1] Позначајна притока е Палатик, која се влева од десно.[1] Средниот годишен истек кај с. Елешница изнесува 0,69 м3/с; највисок водостој има во март, а најнизок во септември.[1] По течението на Златарица има само едно населено место — селото Елешница.[1] Во подрачјето на селото и нагоре по течението на реката водите во голема мера се користат за наводнување на малите нивички сместени по речните тераси.[1] КартаПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia