Селото Елешница се наоѓа во јужното подножје на северозападниот родопски масив Белаки и по двата брега на долното течение на реката Златарица, притока на Места. Оддалечено е 16 километри источно од Мехомија, 17 километри источно од Банско и 24 километри јужно од Јакоруда. Селото се наоѓа на надморска височина од 701 метар.
Историја
Покрај селото се открииени археолошки остатоци од населба која постоела уште во раниот неолит.
Покрај селото е откриена сребрена реликвија од VI век, а во ранохристијански натпис од месноста „Небуш“ се споменува локална црква, посветена на апостол Андреј Парвозани.[2]
Црквата „Свети Атанасиј“ е изградена во 1832 година.
Во 1889 година Стефан Верковиќ во неговата книга „Топографско-етнографски опис, Македонија“, Елешница е село со 260 македонски[3] куќи.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во Елешница за периодот 1934-2011:[8]
година
1934
1946
1956
1965
1975
1985
1992
2001
2011
население
2.138
2.449
2.261
2.480
2.483
2.164
1.943
1.606
1.424
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Ѓорѓи Поп-Атанасов (10 ноември1940) - македонски теолог, професор и истражувач, историчар на книжевност, археограф, старословенист, доктор по филолошки науки и академик во МАНУ