Златко Ѓелески
Златко Ѓелески (9 февруари 1986, Битола) – македонски писател, филмски, музички и книжевен критичар. ЖивотописЃелески завршил основно и средно училиште во Кичево, а дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година. Од 2011 година, Ѓелески е водител на филмската радио-емисија „Danse Macabre“ на „Канал 103“, а од 2020 година ја води специјализираната емисија за ТВ-серии „ТВ 103“. Освен тоа, тој е организатор на ревијата на хорор-филмови „Мрак Фест“, а одговорен е и за музичките изданија на „Мрак[1]“. Ѓелески бил член на жири-комисиите на филмските фестивали: „Синедејс“, „Македокс“, „Филмај“, „Мобил фестивал“, „Филозофски филмски фестивал“ „Фестивал на планински филм ЕХО“[2] и „Флипбук филм фестивал“. Од 2017 и 2018 година е водител на емисиите „Видеологија“[3] и „Ревизија“ (на YouTube), а исто така, организира и мултимедијални забави со „Доминион Евентс“. Член е на жири комисијата на музичкиот фестивал „Лузер фест“ во 2022 година. Селектор е на македонската филмска селекција на фестивалот „Winter Apricots“ во 2022 година. [4] Модерира проекции во склоп на фестивалите „Синедејс“ и ИФФК „Браќа Манаки“. Покрај тоа, тој е член на Здружението за филм и филмска едукација „Крацери“, а во 2022 година бил селектор на Филмскиот фестивал на краток жанровски филм „Крацери“,[5] организиран од истоименото здружение. Во јули 2023 година станал член на Националната секција од Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI). ТворештвоЃелески има објавено три збирки раскази: „Морбидизам“ (2013)[6] „Колекционерот на страв“ (2015) и „Понор“ (2019).[7] Неговите раскази се преведени и објавени на српски јазик, во неколку балкански антологии. Расказите му се наградени на неколку натпреварувачки конкурси и објавени во различни списанија и збирки, како што е расказор „Отпушок“, објавен во збирката „Очудувања 1-2“ (2018).[8] Од 2008 година, Ѓелески се занимава и со филмска критика, како уредник и издавач на списанието „Кошмар“.[9]“ Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, музичките на „Плагијат“, а неговите филмски рецензии објавени во печатена форма во неколку дневни весници и списанија, како: „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „Филмски печат“, „Стожер“[2] итн. Во 2021 година била објавена неговата прва збирка на филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019-2020)“. Исто така, тој е режисер на краткометражните филмови „Од другата страна“ од 2013 година и „Мемоари“ од 2015 година, асистент во пост-продукцијата на краткометражниот филм „Центроид[10]“ во 2022 година. Во 2023 година го напиша сценариото и го режира третиот краток игран филм „Слобода“[3]. НаградиДобитник е на наградата за најдобра филмска критика на 12-тото издание на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013 година. [11] Библиографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia