Златко Перински
Златко Перински (р. 14 јануари 1983 во Скопје) — македонски политичар. Тој моментално е министер за локална самоуправа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. ЖивотописЗлатко Перински е роден на 14 Јануари 1983 г. во Скопје. Дипломирал на Факултетот за физичка култура-УКИМ, каде се стекнал со звање дипломиран професор/тренер, а со магистратура по менаџмент на човечки ресурси се стекнал на Институтот за политичко-правни истражувања-УКИМ/Универзитет за туризам и менаџмент Скопје. Во периодот од 2009-2012 година тој е основач и управител на Д.Т.У. Био Стем д.о.о.Скопје со дејност претставништво на Грчка банка за матични клетки за Македонија, додека од 2012-2014 година работи и е основач на институцијата: Bio Save d.o.o. Beograd, која е претставништво на Германска банка за матични клетки за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Романија и Хрватска. Перински од 2014 до 2017 година е управител на С.Ц.Борис Трајковски Дооел Скопје, а од 2021-2022 година бил генерален директор на ЈП. „Водовод и канализација“ Скопје . На 23ти Јуни 2024 г. тој бил избран за новиот министер за локална самоуправа во Кабинетот на Христијан Мицкоски.[1][2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia