Знаме на Вознесение
Знаме на Вознесение[1] — знаме на островот Вознесение, составна единица на британската прекуморска територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња. Усвоено е на 11 мај 2013 г.[2] и претстаува стандарден облик на знаме на британските владенија и некогашни колонии со британското знаме во кантонот и грбот на Вознесение во долниот десен агол. Историја на знаметоПред неговото усвојување во 2013 г. островот Вознесение го користел знамето на Обединетото Кралство како свое службено обележје. На состанок на Советот на Вознесение на 3 март 2009 г. е изнесен предлогот да се осмисли посебно знаме за нивниот остров и поднесен до Министерството за надворешни и комонвелтски работи на Британија. Решено е да се распише јавен конкурс со предлози за изгледот.[3] Поднесени се три предлози, и тоа во 2010, 2012 и 2013 г. Од нив, на крајот е избран последниот. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia