Знаме на Малдивите
Знамето на Малдивите е национално знаме на државата. Тоа е црвено знаме со зелен правоаголник во средината во кој се наоѓа вертикална бела полумесечина. Ова знаме било усвоено на 25 јули 1965 година. Црвената боја ја претставува храброста на националните херои и нивната спремност да се жртвуваат за татковината. Зелената боја ги претставува кокосовите палми на островите. Белата полумесечина ги претставува муслиманите во земјата. ГалеријаПоврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia