ЗонебергОваа статија се однесува на градот во Тирингија. За округот, погл. Зонеберг (округ).
Зонеберг (германски: Sonneberg; источнофранконски: Sumbarch) — град во сојузната покраина Тирингија, во Германија, кој претставува и административно седиште на истоимениот округ. Со блискиот горнофранконски град Нојштат кај Кобург во Баварија образува една географска и стопанска урбана целина. Долго бил сметан за центар на индустријата на играчки и сè уште е добро познат по тоа. Во градот се наоѓа и PIKO, железнички производител, кој станал еден од малкуте претпријатија од ваков вид во земјите од Варшавскиот пакт и како таков ги снабдувал со возови сите железници на земјите од советскиот блок. Во Зонеберг се наоѓа и Германскиот музеј за играчки („Deutsches Spielzeugmuseum“). Во поделената повоена Германија, Зонеберг „неприродно“ се нашол одвоен блискиот голем соседен град Кобург и поради тоа морал да се насочи кон север. Бил опслужуван со неприродно кривулеста железничка линија и така станал изолиран од остатокот на Источна Германија. Неговата железничка станица е класифицирана како главна железичка станица и е опслужувана на линијата Кобург-Зонеберг. ГеографијаМестоположбаГрадот се наоѓа во долините на реките Ретен и Штајнах, сместен непосредно на тириншко-баварската покраинска граница. Соседни општиниГрадот се граничи со следниве места (почнувајќи од десно, надесно): Грефентал (округ Залфелд-Рудолштат), Тетау (округ Кронах), Ферицтал (округ Зонеберг), Нојштат кај Кобург (округ Кобург), Франкенблик, Штајнах, Лауша и Нојхаус на Ренвег (сите во округот Зонеберг). Градски единициСогласно статутот на градот Зонеберг, градот се состои од следниве единици:
Покрај нив, градски четврти се Обере Штат (Алтштат) и Унтере Штат (Иненштат). Припојувања
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на градот Зонеберг се состои од 30 членови. На општинските избори на 26 мај 2019 година бил избран следниов состав на советот:
ГрадоначалникНа 21 август 2016 година бил избран Хајко Фогт за градоначалник на градот Зонеберг.
Општински финансииГрадот до 31 декември 2019 година должи вкупно 22,814 милиони евра.[2] Збратимени градовиЗонеберг е збратимен со следниве градови: Познати жители
Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia