Зоолошка градина Скопје
Зоолошка градина Скопје — зоолошка градина во Скопје, формирана во 1926 г. од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман[1]. Во истата 1926 година е предложено денешното место која во тоа време опфаќала 4 хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок. Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед. Денес, градината е сместена на површина од 12 ха и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Зоолошката градина е отворена секој ден од 9:00 до 18:00 часот.[2] ПоврзаноНаводи
Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia