Игор Лозаноски
Игор Лозаноски (Скопје, 7 февруари 1990) — македонски поет и раскажувач. ЖивотописИгор Лозаноски е роден во 1990 година во Скопје. Дипломирал на насоката за Менаџмент на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Вработен е во приватно претпријатие. ТворештвоЛозаноски почнал да пишува поезија и проза на 10-годишна возраст. Своите први песни ги објавил во 2006 година, во средношколскиот училиштен весник „Орце Инфо“.[1] Автор е на збирките поезија „Така дуваше ветерот – Барок и романтизам“ (2018) и „Плодови на минатото“ (2020), како и на збирките раскази „Исповед на еден телевизор“ (2020) и „Сончогледите гледаат на запад“ (2021).[2] Во 2020 година, за збирката раскази „Исповед на еден телевизор“ ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис.[1] Неговите дела се објавени и во неколку книжевни списанија („Раст“, „Современост“, „Книжевни елементи“), а се застапени и во неколку македонски антологии.[3] Творештво
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia