Игор Штимац
Игор Штимац (роден на 6 септември 1967 година, во Метковиќ) — хрватски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната. Во својата играчка кариера тој на три пати го облекувал дресот на Хајдук Сплит, но исто така настапувал и во странство: за Кадис во Шпанија, како и за Дарби Каунти и Вест Хем Јунајтед во Англија. Тој ја претставувал хрватската репрезентација 53 пати, и бил дел од тимот на Европското првенство 1996 и Светското првенство 1998, на второто кога Хрватска завршила трета. Како тренер, Штимац бил на чело на хрватската репрезентација од 2012 до 2013 година. Во клупскиот фудбал, тој имал кратки ангажмани во својата татковина во Хајдук Сплит, Цибалија, Загреб и Задар. Сезоната 2015-2016, тој бил тренер на најуспешниот ирански фудбалски клуб Сепахан, а потоа ја водел и катарската екипа Ал-Шаханија. Од 2019 до 2024 година, бил селектор на Индија.[1] Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia