Силвио Мариќ
Силвио Мариќ (роден на 20 март 1975 година, во Загреб) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Клупска кариераСвојата фудбалска кариера Мариќ ја започнал во Динамо Загреб (тогаш познат под името Кроација Загреб) за кој дебитирал за првиот тим во сезоната 1992-1993. Откако во следната сезона бил испратен на позајмица во Сегеста со цел да стекне повеќе искуство, Мариќ се вратил во Динамо пред почетокот на сезоната 1994-1995 во која забележал само 8 настапи. Тој станал редовен стартер од сезоната 1995-1996, придонесувајќи за освојувањето на четири последователни титули во хрватското првенство за време на периодот 1995-1999. На 4 февруари 1999 година, Мариќ потпишал за англискиот клуб Њукасл Јунајтед, во трансфер вреден 5.8 милиони долари.[1] Дебитирал во Премиер лигата на 10 март за време на натпреварот против Нотингем Форест добиен во гости со 1-2. Во година и половина, колку што го носел дресот на „страчките“, тој одиграл вкупно 23 натпревари во Премиер лигата, без постигнат гол, забележувајќи само една асистенција (во победата со 4-3 на гости против Дарби Каунти). Својте единствени голови за Њукасл ги постигнал во Купот на УЕФА против швајцарскиот клуб Цирих.[2] Не можејќи да се избори за позначајна улога во Њукасл, во летото 2000 година, тој заминал во Португалија каде потпишал за екипата на Порто. Сепак, ниту таму не успеал да се наметне играјќи само 11 натпревари со два постигнати гола за време на сезоната 2000-2001. Со португалците, тој го освоил купот на земјата, иако во финалето добиено (0-2) против Маритимо останал неискористена замена. Во 2001 година, Мариќ се вратил во Динамо со кој освоил уште едно првенство и еден куп, а потоа повторно направил трансфер во странство потпишувајќи за грчкиот клуб Панатинаикос во летото 2003 година.[3] Таму останал две сезони, освојувајќи ги првенството и купот уште во првата година со зелените, по што се вратил во Динамо каде и ја завршил својата играчка кариера во 2006 година на возраст од 31 година. Репрезентативна кариераВо периодот 1995-1997, Мариќ бил репрезентативец на Хрватска под 21 година. За сениорската репрезентација на Хрватска, Мариќ дебитирал на 30 април 1997 година, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 1998 против Грција добиен во Солун со 0-1. Во вториот свој настап во дресот со државниот грб, тој го постигнал својот прв гол, во победата со 3-2 во Загреб над Босна и Херцеговина во истиот квалификациски циклус. Откако Хрватска се квалификувала за Мундијалот во Франција, Мариќ бил повикан и ја претставувал својата земја на првенството на кој коцкестите го освоиле бронзениот медал; тој забележал четири настапи на турнирот: против Јапонија и Аргентина во групата, против Германија во четвртфиналето и против Франција во полуфиналето. Вкупно за репрезентацијата одиграл 19 натпревари и постигнал само еден гол. Хронологија на репрезентативните настапиТитулиКлупскиКроација Загреб/Динамо Загреб
Порто
Панатинаикос
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia