Икер
Каналот Укер кај Зехаузен (Укермарк)
Место
Германија , Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија
Должина
98 км
Извор
кај Алт Темен 53°04′05″N 13°42′49″E / 53.068107°N 13.713652°E / 53.068107; 13.713652
Висина на изворот
69 м над м.н.
Утока
во Шчеќински Залив 53°45′00″N 14°04′01″E / 53.75°N 14.067°E / 53.75; 14.067
Слив
Икер
Одлив
Шчеќински Залив
Слив
2.200 км²
Истек
Просечен среден: 7,65 м³/с
Десни притоки
Рандов , Зеграбен, Милграбен
Леви притоки
Шифе Мене (Кентоп), Беке, Куграбен, (Штрасбургер) Милбах, Кинапелграбен, Хамерграбен
Езера
Големо Кринертско, Дистерско, Миленско, Берендско, Големо Ланке, Оберукерско, Унтерукерско
Паланки
Пренцлау , Пазевалк , Торгелов , Икерминде
Икер или Укер [ 1] (германски : Uecker или германски : Ucker ) — река во североисточните германски покраини Бранденбург , каде е позната и како Укер , и Мекленбург-Западна Померанија . Нејзиниот извор се наоѓа во округот Укермарк , близу селото Алт-Темен. Тече северно низ Оберукерското, Моленското и Унтерукерското Езеро, каде се наоѓа стариот град Пренцлау . Близу малото село Ниден (на граница помеѓу Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија), Укер го менува името во Икер . Продолжува северно низ градовите Пазевалк и Торгелов и поминува низ општината Егесин . Тука се влева реката Рандов . Во Икерминде , Икер се влева во Шчеќинскиот Залив , кој е поврзан со Балтичкото Море низ трите премини Пене , Швина и Ѓивна .
Името „Икер“ потекнува од полапскиот збор vikru /vikrus , кој означува „брз“.[ 2] Икер го дели своето име со историската област Укермарк , округот Укермарк и поранешниот округ Икер-Рандов .
Наводи
↑ Leciejewicz, p. 58
↑
Heinrich, p. 382