Оваа статија е за округот во Германија. За историската област, видете Укермарк. За информации околу истоимениот нацистички концентрациски камп, видете Укермарк (концентрациски камп).
Укермарк е именуван по реката Укер, која е притока на Одра. Реката Одра ја создава полската граница, до каде се протега и округот. Во округот се наоѓаат 600 езера и реки во вкупна должина од 2.800 километри. Ретки диви животни сè уште живеат во езерската област, како орел-рибар, дабар и видра.
Западните делови на националниот парк Долна долина на Одра се наоѓаат во округот.
Укермарк бил првично поделен помеѓу административните единици Укеркрајс и Штолпиришер Крајс. Во 1817 како дел од покраината Бранденбург бил создаден трет округ во областа, округот Ангерминде, а другите два окрузи биле преименуван во Пренцлау и Темплин. Сегашниот округ Укермарк бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Ангерминде, Пренцлау и Темплин, како и некогашниот слободен град Швет.
Грб
Главна одлика на грбот се градбите од тули во округот— црквите на Пренцлау и Ангерминде. Градскиот ѕид подолу потсетува на многуте војни во средниот век. Двата кружни прозорци во кулата на црква ја претставуваат поделбата на два окрузи пред реформата во 1817, трите готски прозорци ја претставува следната поделба. На градскиот бедем се два штита — еден со грифин на Померанија, другиот со орелот на Бранденбург. Брановитата линија во горниот дел ги претставува главните реки во округот, Одра, Рандов и Укер. Жолтата боја на позадината го претставува земјоделството во округот, бидејќи Укермарк бил житница на Бранденбург. Грбот бил создаден од Ханс Бентин и бил официјално донесен на 8 ноември 1995.