Илија Антевски - СмокИлија Антески - Смок (Тетово, 25 јули 1919 – Тирана, 17 мај 1943) — македонски комунист, учесник во НОВ.[1][2] ЖивотописВо 1939 година се запишал како вонреден студент на Правниот факултет во Белград. Бил вработен во монополот во Тетово. Станал член на СКОЈ во 1940, а потоа, во септември 1941 година и член на КПЈ и на Месниот комитет во Тетово. Од јуни 1942 година е принуден да живее илегално, а на почетокот на септември 1942 година заминува во партизани. Тогаш се приклучил на во Гостиварско-мавровскиот НОПО Кораб. Станува инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија под италијанска окупација и политички комесар на Мавровскиот партизански одред. На 27 април 1943 година бил заробен во Ново Село од балистите, со уште девет други партизани.[3] Прво бил затворен во Гостивар, а потоа бил спроведен во Тирана. По кратко сослушување бил осуден на смрт со бесење и казната била извршена во Тиранскиот затвор,[4][2] ноќта на 16 и 17 мај 1943 година.[5][6] Заедно со него, биле убиени уште пет македонски комунисти, заробени заедно со Илија Антески - Смок кај Ново Село. ПоврзаноНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia