Ило Лазарески

Ило Лазарески
Роден 1920 година
Иванчишта, Кралство СХС
Починал 2 октомври 1943 година
Сеферов Бунар, во близина на Кичево, слободна територија на НОВ
Народност Македонец

Ило Тејков Лазарески ( 1920 во Иванчишта2 октомври 1943 во близина на Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомени од НОБ во селото Иванчишта, на кој се наоѓа и името на Ило Лазарески.

Животопис

Се занимавал со земјоделство и сточарство. Бил мобилизиран во италијанската војска во пролетта 1943 година и бил однесен во тоа што е денес Албанија од каде побегнал. Се вратил во своето родно село и по кусо време заминал партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал низ повеќе борби на кичевскиот терен. Загинал во борбите за одбрана на слободната територија и слободно Кичево, на 2 октомври кај месноста Сеферов Бунар, во близината на Кичево.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 77.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya