Илјо Кејсе
Илјо Кејсе (холандски: Iljo Keisse; р. 21 декември 1982 во Гент) — поранешен белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2022. Кејсе настапувал и на велодромски и на друмски трки, специјализирајќи се во возење на трки во траење од шест дена. Седум пати ја има освоено трката Шест дена Гент, а на подиум се има качено 12 пати.[1] ЖивотописКејсе е роден во Гент. Заедно со неговиот колега Метју Гилмор, освоил три трки од шест дена во 2005/2006: Гренобл, Гент и Хаселт. По неговата победа на Шест дена Гент 2008, обата примероца А и Б се покажале позитивни на катин и диуретик, кој бил користен за прикривање на присуствово на допинг средства. Бил отпуштен од неговата екипа, Топспорт Вландерен-Меркатор, на 11 јануари 2009 година.[2] Се приклучил на екипата Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи во мај 2009 година.[3] На 2 ноември 2009 година, Кејсе бил прогласен за невин, откако истражувачите пронашле дека позитивните резултати не биле резултат на намерен допинг и најверојатно потекнале од контаминација на додаток во исхраната.[4] На 7 јули 2010 година, Арбитражниот суд за спорт ја потврдил жалбата од Светската антидопинг агенција и му одредил суспензија на Кејсе. Му биле признати 11 месеци суспензија, со што можел да се врати на трките во август 2011 година.[5] Во ноември, одлуката на судот била одбиена од белгискиот Апелациски суд, дозволувајќи му на Кејсе да настапи на Шест дена Гент 2010.[6] Кејсе останал под суспензија во Белгија до 27 јануари 2012 година, но повторно потпишал со Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[7] На 28 април 2012 година, Кејсе ја освоил седмата етапа на Трката околу Турција во драматична завршница: по падот во последната кривина морал да го намести ланецот пред да спринта на целта пред групата. Првите возачи го добиле истото време како неговото.[8] Ова била првата професионална победа во неговата кариера и негова последна во изминатите две години. Негова следна победа била на класикот Шатору во август 2014 година.[9] Уште една победа остварил во 2015 година, на Ронде ван Зеланд; ја освоил трката од групата на тројца возачи на Етикс-Квик Степ кои претходно се одвоиле.[10] На Џиро д’Италија, Кејсе ја освоил последната етапа во Милано, изместувајќи ги плановите на спринтерите. Се одвоил со возачот на Орика-ГринЕЏ Лук Дарбриџ и го претекнал за победа.[11] Кејсе објавил дека во текот на сезоната 2022 ќе се повлече и дека негова последна трка ќе биде Шест дена Гент. Возејќи заедно со Јаспер де Бујст, завршил трет на негово 18. учество на трката.[12] ДостигнувањаВелодромски велосипедизам
Распоред на резултатите на „Шест дена“
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала Друмски
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia