Во 2008 година станал швајцарски националниот јуниорски хронометарски првак; во 2009 година друмски првак под 23 години, а во 2010 и 2011 година хронометарски првак под 23 години.
На Трката околу Алберта 2013 ја освоил втората етапа, додека возел за БМЦ како стажант.[2] Ова му го донело првиот професионален договор за 2014 година со БМЦ.[3] Престојува во Шнајсинген.
Дилје возел на Џиро д’Италија 2017,[5] и ја освоил шестата етапа во меѓусебниот спринт со Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) откако двоецот бил во петчлено бегство кое јасно се одвоило од главната група скоро цела етапа.
[6] Во јуни 2017 година, Дилје ја освоил првата етапна трка, Рут ди Сид.[7]
Дилје се приклучил на АГ2Р-Ла Мондијал за сезоната 2018 како засилување на екипата за класичните трки, но го скршил прстот на Страде Бјанке 2018. Се вратил на трки во април 2018 година на трката Рут Адели.[8] На Париз-Рубе 2018, Дилје бил дел од деветчленото рано бегство кое избегало од главната група по еден час возење и бил напред со Јеле Вале (Лото-Судал), додека двоецот не бил достигнат од светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое), кој нападнал од групата на фаворити на 53 километри пред целта. Дилје успеал да остане и да работи со Саган до завршницата на велодромот во Рубе, каде Саган го освоил меѓусебниот спринт.[9] Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[10]
Достигнувања
друмски велосипедизам
2006
1. Национално младинско друмско првенство
2007
1. Етапа 4 Курс де ла Пе
1. Етапа 3 Низ Истра
2. Национално јуниорско хронометарско првенство
2. Краен пласман Тур ду По де Вод
2008
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
2009
1. Национално друмско првенство под 23 години
2010
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
8. Краен пласман Тур ду Лоара и Шер
2011
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Национално друмско првенство под 23 години
2012
1. Национално хронометарско првенство под 23 години