Инвестициска банкаИнвестициска банка (англиски: Investment bank) претставува финансиска институција која се занимава со посредување во издавањето хартии од вредност и со тргување со хартии од вредност за сметка на своите клиенти, како и во свое име и за своја сметка. Инвестициските банки помагаат при првичната продажба на хартиите од вредност на примарниот пазар, а се јавуваат и во улога на брокери и дилери кои вршат тргување со хартиите од вредност на секундарниот пазар. За разлика од комерцијалните банки, овие банки не примаат депозити и не даваат кредити. Настанок и развојИнвестициското банкарство се развило во САД. Се смета дека првата инвестициска банка била фирма од Чикаго, во сопственост на Херис и Форбс, основана во 1880 година.[1] На почетокот, за обезбедување капитал се користеле услуги на агенти – поединци кои се обидувале да приберат парични средства на различни начини. Но, откако оваа пракса се покажала како недоволно ефикасна, на крајот на XIX век агентите биле заменети со трговци на акции. Во истиот период се формирале и многу банки кои делувале како посредници помеѓу инвеститорите и компаниите на кои им е потребен капитал. Така, во 1901 година, фирмата „JP Morgan & Co” организирала здружување на капиталот во кое се собрале 1,5 милијарди долари со цел да се интегрираат големиот број на производители на челик во корпорацијата „United Steel Corporation”.[1] Во октомври 1929 година, како последица на големата светска економска криза дошло да пад на пазарот на хартии од вредност и во периодот од 1933 до 1934 година претседателот Рузвелт иницирал три нови закони – Закон за хартии од вредност, Закон за банкарство и Закон за берзи. Со предложените закони се регулирал пазарот на капитал и основањето финансиски институции. Законот за банки понатаму се делел на Закон за работа на комерцијалните банки и Закон за работа на инвестициските банки. Оттогаш, во САД, со т.н. Глас-Стигалов закон комерцијалните банки немале право да се занимаваат со инвестициско банкарство. Сепак, последните децении на XX век се одликувале за голема експанзија на финансискиот сектор, со што разделувањето на комерцијалното и инвестициското банкарство повеќе немало смисла. Оттука, во САД, Законот за банки бил реформиран во 1999 година, кога била укината поделбата меѓу комерцијалното и инвестициското банкарство. Имено, тогаш бил донесен т.н. Грам-Линч-Билов закон со кој конечно бил укинат Глас-Стигаловиот закон. Како последица на тоа, денес, со инвестиционото банкарство се занимаваат сите големи комерцијални банки. Меѓутоа, поради избегнување на судирот на интересите, овие активности на банките мора да бидат јасно издвоени од комерцијалното банкарство, т.е. од банките се бара да постават „огнени“ или „кинески“ ѕидови (firewalls, Chinese walls) меѓу двете групи активности. Всушност, големите банки се занимаваат со инвестициско банкарство посредно, преку своите подружници, при што многу често, банките едноставно ги купуваат постојните, добро познати инвестициски банки и брокерски куќи. Така, од попознатите случаи треба да се истакнат следниве: купувањето на лондонската инвестициска банка „Морган Гренфел“ (Morgan Grenfell) од страна на „Дојче банк“ (Deutsche Bank) во 1986 година; истo така, во јуни 1999 година, „Дојче банк“ ја презела големата американската инвестициска банка „Бенкерс траст“ (Bankers Trust); во 1998 година, „Ситикорп“ ја купила познатата инвестициска банка „Саломон Смит Барни“ (Salomon Smith Barney); во 1995 година, „УБС“ ја купила лондонската инвестициска банка „С. Г. Варбург“ (S.G.Warburg), а во 2000 година и американската брокерска куќа „Пејн Вебер“ (Paine Webber); „Банка на Америка“ во 2008 година ја купила најголемата американска инвестициска банка „Мерил Линч“ итн.[2] Видови инвестициони банкиВо основа, постојат два вида инвестициони банки:
Основни функции на инвестициските банкиЏон. Ф. Маршал смета дека наспроти големите промени во последните децении, денес инвестициското банкарство можеме да го дефинираме како „се она што го работат инвестициските банки”.[1] Сепак, нивната главна активност е на примарниот пазар, каде што нивни клиенти се корпорациите и државните институции кои сакаат да дојдат до капитал преку издавање обврзници и акции. Постојат четири основни функции на инвестициските банки, поврзани со примарниот пазар:[4] советодавна функција, административна функција, осигурителна функција и дистрибуција.
Други активности на инвестициските банкиПокрај активностите поврзани со издавањето на хартиите од вредност, инвестициските банки извршуваат и многу други активности, сè со цел да се прилагодат на потребите и трендовите на постоечките и потенцијалните клиенти. Така, инвестициските банки се активни и на секундарниот пазар на капитал, каде се ангажираат во инвестицискиот менаџмент (investment management), околу спојувањата или преземањата, при тргувањето и продажбата на хартиите од вредност, околу истражувања за сопствени и потребите на своите клиенти и слично. Инвестициски менаџмент – Во последните години, како последица на намалената профитабилност од примарната улога на инвестициските банки, како и нивната способност за анализа на хартиите од вредност и на фирмите кои ги издаваат, инвестициските банки се ориентираа кон бизнисот со инвестициски менаџмент. Тие се ангажираат на различен број начини: преку давање на поединечни услуги од областа на инвестицискиот менаџмент на многу богатите клиенти, познато како приватно банкарство (private banking); собирање средства на поединечните инвеститори и фирмите за заедничко вложување во некој инвестициски фонд; консултантски услуги во поглед на инвестициските стратегии и можноста за инвестирање и слично. Со самиот влез на инвестициските банки во инвестицискиот менаџмент се отвора простор за судир на нивните интереси со оние на нивните клиенти. Оттука, за да ги намалат сомневањата околу можните малверзации, инвестициските банки подигаат т.н. кинески ѕидови (Chinese walls) помеѓу бизнисот со потпишување на хартии од вредност и бизнисот со инвестициски менаџмент.[5] На пример, вообичаено е кај инвестицискиот менаџмент да постои политика сите купувања или продавања на хартии од вредност да бидат задолжително извршени преку надворешен дилер или брокер. На овој начин, и покрај тоа што се намалуваат предностите во однос на конкурентите, исто така се ублажуваат и некои од можностите за малверзации. Истражување – Скоро во секоја инвестициска банка постои оддел за истражување. Аналитичарите кои се вработени во овој оддел постојано ги пратат економските трендови и вести, цените на хартиите од вредност на одделни компании или на цели индустриски гранки и други релевантни информации кои им се потребни на банките и нивните клиенти. Одделението за истражување се јавува како активност која создава приходи кога им ги продава своите извештаи на заинтересираните клиенти. Спојување и преземање – Најголем број од клиентите ги контактираат инвестициските банки за да ги советуваат во областа на спојувањето и преземањето (mergers and acquisitions) други компании. Така, банката му помага на клиентот да го пронајде најдобриот партнер за спојување или пак погоден предмет за преземање. Инвестициската банка, исто така, во име на клиентот создава стратегија за преземање на целната фирма или пак одбранбени механизми за преземање во име на целната фирма. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia