Институт за хемија (Природно-математички факултет - Скопје)
Институтот за хемија ― институт по хемија и еден од составните единици на Природно-математичкиот факултет во Скопје. ИсторијаКатедрата по хемија започнала со работа во 1946 г., заедно со другите студиски групи на Филозофскиот факултет - прва на кој наставата почна да се изведува на македонски јазик. При првиот упис на студии по хемија се запишувале 56 студенти. Почетокот на работата на новоформираната студиска група, меѓутоа, одела со големи потешкотии.[1] Како Хемиски институтСо издвојувањето,во 1958 година на Природно-математичкиот оддел од составот на Филозофскиот факултет и со создавањето на Природно-математичкиот факултет, Катедрата по хемија прераснала во Хемиски институт. Во Институтот тогаш биле створени три заводи: за неорганска и аналитичка, за органска и за физичка хемија.[1] Хемиски факултетВо периодот од 1976 до 1985 година, со реформите кои во тој период се случувале Хемискиот институт прераснал во Хемиски факултет.[1] Институт за хемијаВо периодот од 1985 до денес, Институтот за хемија претставува дел од Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1] Во периодот од конституирањето на Институтот за хемија, должноста шеф на Институтот ја вршеле:[1] Иван Петров (1985-1987), Глигор Јовановски (1987-1989), Благоја Топузовски 91989-1991), Богдан Богданов (1991-1995), Трајче Стафилов (1995-1999), Киро Стојаноски (1999-2001), Орхидеја Групче (2001-2005), Емил Поповски (2005-2007), Слоботка Алексовска (2007-2009), Љупчо Пејов (2009-2013), Марина Стефова (2013-2020), Слоботка Алексовска (2020), Владимир Ивановски (2020-2021), Наташа Ристовска (2021-) Внатрешна организација на ИнститутотИнститутот за хемија се состои од четири заводи: Завод за неорганска хемија, Завод за аналитичка хемија, Завод за физичка хемија, како и Завод за органкса хемија и биохемија.[1] Подолу е дадена список на вработените наставници и соработници на Институтот поделени по заводи:
Научноистражувачка дејност на Институтот за хемијаИнститутот за хемија е една од најплодните научни установи во Република Македонија. Според податоците од Министерството за образование и наука, бројот на објавените трудови од наставно-научните работници на Институтот во списанија со фактор на влијание изнесува околу една третина од вкупниот број трудови објавени во вакви списанија од страна на сите истражувачи од Република Македонија.[2] Треба да се напомене дека во периодот на изминативе 60 години вработените на Институтот за хемија објавиле вкупно 1464 научни труда. Од нив, 929 труда (65 %) се отпечатени во списанија издавани надвор од Македонија. Од овие, пак, 823 се печатени во научни списанија, а 106 во зборници на трудови од меѓународни научни собири. Преостанатите 535 библиографски единици (35 %) ги сочинуваат 435 труда објавени во научни списанија во Македонија и 100 труда во зборници на трудови од научни манифестации одржани во Македонија. Посебно заслужува да се одбележи фактот дека, според Science Citation Index, 617 труда (42 %) се објавени во списанија со фактор на влијание. Разно![]() На 23 мај 2023 година, Институтот и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија организирале предавање на кое зборувал нобеловецот за хемија од 2011 година, Дан Шехтман. Тој го посетил Институтот за хемија, и направил го предавањето насловено „Демографија, технолошко претприемништво и иднината на Македонија“ во тамошниот амфитеатар.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia