Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас
Истрага на местото на злосторството (англиски: CSI: Crime Scene Investigation или CSI: Las Vegas) е популарна и наградувана американска телевизиска серија за тим форензичари во Лас Вегас и нивните истраги на мистериозни и необични злосторства. Има две спин-оф серии од оваа, а тоа се ЦСИ Мајами (2002) и ЦСИ Њујорк (2004). Во деветтата сезона која оваа сезона ќе се прикажува во САД, Вилијам Питерсен (Грисом) го напушта тимот, а нови ѕвезди како Лорен Ли Смит и Лоренс Фишбурн се придружуваат. Во Македонија, серијата се емитувала на А1 телевизија и на МТВ. Главна идејаСеријата ги следи настаните на одделот за истрага на полицијата во Лас Вегас, обично нарекуван „лабораторија за злосторства на Вегас“. Ентони Е. Зикер одлучил таму да се одвива дејството бидејќи таа лабораторија во Лас Вегас е втора по ред најактивна во САД (прва е ФБИ во Квантико, Вирџинија). Одделот целосно ги прегледува случаите, минувајќи низ сите докази, кои може, а може и да не ги однесе до заклучокот. Честопати, истрагите водат кон табу теми, како на пример сексуална девијација. Бизарните заклучоци на некои случаи често го наметнуваат прашањето за моралот, верувањата, како и природата на човекот во генерала. Прифаќање на гледачитеЦСИ Лас Вегас, заедно со Опстанок, помогнаа CBS да се искачи на врвот на гледаноста на сите телевизии во САД. Серијата е најгледана скриптирана серија веќе пет сезони по ред, од 2002/2003 до 2006/2007. Крајот на петтата сезона (2004/2005), е режиран од Квентин Тарантино и е насловен „Смртна опасност“. Оваа епизода беше гледана од повеќе од 35 милиони гледачи на 19 мај 2005. Број на епизоди1-4 сезона – 23 епизоди Гледаност во САДВкупна гледаност по сезони.
Белешки
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia