Италијански катепанат
![]() Италијански катепанат — покраина на Византија, која го опфаќала јужниот дел од линијата од Монте Гаргано па сè до Салернскиот Залив. Амалфи и Неапол, иако се северно од оваа линија, биле лојални на Цариград преку катепанот. Италијанската област Капитанита го добила своето име од зборот катепанат. ИсторијаПо падот на Равенскиот егзархат во 751 година, Византија била отсутна од случувањата воо јужна Италија скоро цел век, но со крунисувањето на царит Василиј I (867–886) во Цариград го сменил ова: од 868 година па натаму, византиската морнарица и византиските дипломатибиле вклучени во дејствија со кои требало да се обезбеди Јадранското Море од сараценските грабежи, и да се возобнови византиското владение над Далмација, и да се прошири византикската контрола повторно над делови од Италија.[1] Како резултат на овие напори, Отранто бил ослободен од Сарацените во 873 година, и Бари преминал под византиска управа во 876 година.[2] Походите на способниот генерал Никифор Фока Постариот во средината на 880-ите јаза зацврстиле византиската контрола на поголемиот дел од Апулија и Калабрија.[3] Овие победио биле проследени и одржани од неговите наследници и ги поставиле темелите за повторно издигнување на Византија како сила во јужна Италија, што довело до создавањето на темата Лангобардија во 892 година. Областите Апулија Калабрија и Базиликата ќе останат цврсто под византиска власт сè до 11 век.[4] Околу 965 година, била воспоставена нова управна единица Луканија, стратегот (воениот управник) на Бари бил издигнат на титула италијански катепан, вообичаено со ранка на патрициј. Ова издигнување на воената титула било потребно поради загубата на блиската тема Сицилија, претходен византиски посед, била освоена од арапите. Неколку нормански авантуристи, кои биле на поклонение во светилиштето на Архангел Михаил во 1017 година, се придружиле во бунтот на лангобардските градови во Апулија против византијците. Од 1016 до 1030 година норманите биле платеници, кои служеле на Византија или пак на Лангобардите, и во моментот кога војводата Сергеј IV Непалски, го назначил нивниот водач Ранулф Дренгот за управник на тврдината Аверса во 1030 година, со што им дал цврсто упориште, тие започнале организирано да ја освојуваат земјата. Во 1030 година таму пристигнале и Вилијам и Дрого, двајцата постари синови на Танкред Готвиљски, ситен благородник од Кутанс , Нормандија. Двајцата се здружиле во организиран обид дај за соборат византиската власт во Апулија, јои изгубиле поголем дел од територијата на покраината до 1040 година. Бари бил освоен од норманите во април 1071 година, и византиската власт конечно завршила во Италија, пет векови по освојувањата на Јустинијан I. Византијците се вратиле накусо повторно во 1156 година при опсадата на Бари. Титулата Катапан ана Апулија и Калабрија била повторно накусо воведена од страна на грофот Жилбер Гравински во 1166 година, роднина на кралицата регент Маргарета Наварска. Во 1167 година, со неговиот авторитет и титула катепан, Жилбер ги протерал германските војски од Кампанија со што го предизвикал Фридрих Барбароса да ја покрене опсадата на Анкона. Катепани
Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia