Калина Малеска

Калина Малеска — македонска писателка, преведувачка, книжевна теоретичарка и професорка.

Животопис

Родена е во 1975 година во Скопје.[1]

Малеска предава англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје,[2] каде што има и дипломирано на Катедрата за англиски јазик и книжевност, со општа и компаративна книжевност како студии под Б, и каде што исто така ги одбранила магистерската теза што се занимава со деконструкција на книжевни дела, како и докторската теза во чиј фокус се дискурсите на моќ во книжевноста.

Творештво

Ги има издадено збирките раскази: Недоразбирања (Македонска книга, 1998), Именување на инсектот (Слово, 2008) и Мојот непријател Итар Пејо (Или-Или, 2016), романите Бруно и боите (Слово, 2006) и Призраци со срмени нишки (Слово, 2014), како и драмата Случка меѓу настани (за Хипатија од Александрија) (Слово, 2010).

Романот Бруно и боите влегол во најтесниот круг за наградата Роман на годината на Утрински весник за 2006 година. Во 2024 го објавила романот „Светот што го избрав“ во Или Или. Некои од расказите ѝ биле објавени и во неколку списанија во Македонија и во странство. Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] Пишува и песни и кратки прозни текстови за детски списанија.

Со свои трудови од областа на книжевната наука учествувала на повеќе меѓународни семинари, конференции и конгреси. Нејзини книжевни есеи биле објавени во повеќе македонски и меѓународни списанија, меѓу кои Културен живот, Репер, и други.

Се занимавала и со преведувачка дејност.

Награди

Наводи

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-04-21. Посетено на 2017-08-28.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 362.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 223-226.
  4. „„Светот што го избрав" од Калина Малеска е Роман на годината за 2024“. Независен. 14.03.2025. Посетено на 29 април 2025. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya