Именување на инсектот (раскази)
„Именување на инсектот“ е збирка раскази на Калина Малеска издадена во 2008 година. СодржинаОва дело на авторката Калина Малеска, претставува втора по ред нејзина збирка раскази и содржи осум раскази, од кои секој за себе претставува маестрално напишан запис. Во првиот расказ „ На Дрим куќа да имам“ Жежков Стамески- историчар и Ередор Ередорски- негов колега, пријатели од деца, се во потрага по куќа покрај Дрим која според Жежков, крие античка тајна. Низ вешто воден дијалог авторката го слика двата главни лика, нивните портрети се речиси пластично предадени. Вториот расказ „Солзите на вукланот“ е даден приказ на маката и тежината на излегувањето на зборот, прводот и создавањето на превод верен на оригиналот. Третиот расказ според кој е и именувана збирката претставува триптих од три поврзани текстови со една тема, инсектот кој треба да се именува. „Неблагодарница“ е монодрамски, хумористичен расказ со неочекуван хумористичен пресврт. „Новото работно место“ со доза на хумор и и сатира дава слика на модерното живеење и меѓучовечките односи. Веќе тука се насетува особеносат на авторката да даде своја критика на современите збиднувања во општеството, нешто што е веќе искристализирано во романот „Светот што го избрав“. [1]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia