Калифорниски универзитет - Беркли (англиски: University of California, Berkeley), познат и како Ју-Си Беркли, Беркли, Кал или Калифорнија)[9][10] — јавен универзитет во Беркли, Калифорнија.[10] Основан во 1868 година како Калифорниски универзитет, тој е првиот државен универзитет што добил земјиште и основачкиот кампус на системот. Беркли нуди приближно 300 програми за додипломски и постдипломски студии во широк спектар на дисциплини.[11] Се смета за еден од најдобрите универзитети во светот.
Беркли е еден од 14-те основачки членки на Асоцијацијата на американски универзитети, со 789 милиони долари потрошени за истражување и развој во фискалната година која завршила на 30 јуни 2015 година.[12][13] Денес, Беркли одржува блиски односи со три национални лаборатории на Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави — Националната лабораторија Лоренс Беркли, Националната лабораторија Лоренс Ливермор и Националната лабораторија Лос Аламос — и е дом на многу институти, вклучувајќи го и Истражувачкиот институтот за математички науки и Лабораторијата за вселенски науки.[14] Преку својата партнерска установа Калифорниски универзитет, Сан Франциско, Беркли нуди и заедничка медицинска програма во медицинскиот центар.
Според податоците од октомври 2018 година, дипломците од Беркли, наставниот персонал и истражувачите имале 107 добитници на Нобеловата награда, 25 добитници на Тјуринговата награда, и 14 добитници на Филдсовата медала. Тие исто така освоиле 9 Вулфови награди, 45 Макартурови признанија,[15] 20 Оскари, 19 Пулицерови награди, и 207 Олимписки медали (117 златни, 51 сребрени и 39 бронзени).[16] Во 1930 година на Беркли, Ернест Лоренс го изумил циклотронот, со чија помош истражувачите на универзитетот Беркли заедно со Берклиевата лабораторија откриле или заеднички откриле 16 хемиски елементи на периодниот систем — повеќе од кој било друг универзитет на светот.[17][18][19] Во текот на 1940-тите, Берклиевиот физичар Р. Опенхајмер, „татко на атомската бомба”, го предводел проектот Менхетн со кој била креирана првата атомска бомба. Током 1960-тите, Беркли бил особено забележителен по Движењето за слободен говор како и Антивоеното движење против војната во Виетнам што ги предводеле неговите студенти.[20][21][22] Во XXI век, Беркли станал еден од водечките институти во создавањето претприемачи, неговите бивши студенти основале голем број претпријатија.[23][24][25][26][27]
Во 2018-19 година, Беркли бил сместен на 5-то место меѓународно на Академското рангирање на универзитетите во светот, 27-мо во рангирањето на светскиот универзитет QS, 15-то на рангирањето на Тајмс на светскиот универзитетско високо образование и 4-то во извештајот на агенцијата. Бил сместен на 9-то место во 2017 година според Индексот на списанието Природа, кое ги мери најголемите придонеси во публикациите објавени во 82 водечки списанија.[28][29]
Историја
Во 1866 година, приватниот Калифорниски колеџ го купил земјиштето што го опфаќа сегашниот кампус во Беркли за да го продаде како поделени парцелли за да собере средства. Тој напор не успеал да ги собере потребните средства, па приватниот колеџ се споил со државниот колеџ за земјоделство, рударство и инженерство и го основале Калифорнискиот универзитет, првиот универзитет во државата со полна наставна програма.
По неговото основање, во Законот на Двинел (закон за Калифорнискиото собрание бр. 583) навел дека „Универзитетот, во согласност со својот устав, ќе обезбеди настава и темелно и целосно образование во сите области на науката, книжевноста и уметноста, индустриските и професионалните активности, и општо образование, како и специјализирани курсеви за обука во подготовка за занимања“.[30][31]
↑ 10,010,1„Name“. Berkeley, University of California. 2014. Архивирано од изворникот на 7. 4. 2014. Посетено на 24. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
↑„History – UC Berkeley“. Berkeley.edu. Посетено на 8. 6. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑„Rankings by total R&D expenditures“. National Science Foundation. Архивирано од изворникот на 13. 1. 2017. Посетено на 19. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
↑„Days of Cal | Berkeley in the 60s“. bancroft.berkeley.edu. Архивирано од изворникот на 14. 01. 2013. Посетено на 19. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
↑„History of UC Berkeley“. University of California, Berkeley. Архивирано од изворникот на 8. 2. 2011. Founded in the wake of the gold rush by leaders of the newly established 31st state, the University of California's flagship campus at Berkeley has become one of the preeminent universities in the world.Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
↑Berndahl, Robert (8. 10. 1998). „The Future of Flagship Universities“. University of California, Berkeley. Архивирано од изворникот на 7. 2. 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date=, |archive-date= (help)