Калциум фосфат
Калциум фосфат или калциумов фосфат[2] — семејство материјали и минерали кои содржат калциумови јони (Ca2+) заедно со неоргански фосфатни анјони. Некои таканаречени калциумови фосфати содржат и оксид и хидроксид. Калциум фосфатите се цврсти супстанции со хранлива вредност[3] и се среќаваат во многу живи организми, на пр. коскениот минерал и глеѓта.[4] Во млекото е присутен во колоиден облик во мицелите сврзани со казеинската белковина со магнезиум, цинк и цитрат — збирно наречени колоиден калциум фосфат.[5] Разни калциумфосфатни минерали наоѓаат примена во производството на фосфорна киселина и ѓубрива. Прекумерната употреба на извесни облици на калциум фосфат може да доведе до одлевање во кое се содржат хранливи материи, а со тоа, неповолни последици по водите како цветање на алгите и еутрофикација (прекумерно збогатување со хранливи материи и минерали).[6] Ортофосфати, ди- и моноводородни фосфатиОвие материјали содржат Ca2+ заедно со PO3−
Ди- и полифосфатиОвие материјали содржат Ca2+ заедно со полифосфати, како P2O4−
Хидрокси- и оксо-фосфатиОвие материјали содржат други анјони, покрај фосфат:
Клиничка значајностКамењата од калциум фосфат сочинуваат околу 15 % од бубрежниот камен. Овие камења се создаваат во алкална урина, особено со присуство на бактериите Proteus. Ова е најчестиот вид кај бремените жени.[7] Калциум фосфатот е вообичаениот причинител на микрокалцификации на дојката, особено дистрофните калцификации. Тие можат да се забележат на мамографија како ран знак за рак на дојката. Според морфологијата, радиографски може да се одреди веројатноста микрокалцификациите да бидат показател за рак.[8] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia