Камчатски јазици
Камчатските јазици се подгрупа на чукотско-камчатските јазици. Овие јазици или група дијалекти се зборуваат во Далечниот Исток на Русија или на Камчатка. Денес од оваа група само еден јазик е преживеан, ителменски јазик. Според податоците од 1991 година, овој јазик го зборувале помалку од 100 жители, повеќето старци. Постојат тези, нецелосно поддржани, за можно постоење во минатото на уште два јазика или дијалекти. Денес овие се изумрени, но најверојатно биле доволно различни од ителменскиот за да се сметаат за посебни јазици (Комри, 1981). Трите дијалекта/ јазика биле зборувани во западните, источните и јужните предели на Камчатка. КласификацијаЕдинствениот жив јазик од оваа група е ителменскиот јазик, познат и како камчатски јазик. Овој јазик не е сосема сроден со чукотските јазици. Иако е многу оддалечен од чукотските јазици, морфолошките сличности наведуваат овој јазик е дел од исто семејство со чукотските (Комри, 1981). Наводи
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia