Чукотско-камчатски јазици
Чукотско-камчатските јазици сочинуваат јазично семејство кое се зборува во Рускиот Далечен Исток, поточно во североисточните краеви на Сибир. Говорниците на овие јазици се ловци и полуномади. Понекогаш ова јазично семејство е типолошки и географски класифицирано со палеосибирските јазици, но нема цврсти докази за оваа класификација. Најпопуларната теза за поврзаноста на ова јазично семејство е со ескимско-алеутските јазици. ЈазициОва јазично семејство е составено од две подгрупи: чукотски јазици и камчатски јазици. За чукотските јазици се смета дека се составени од еден до четири јазика, а камчатските јазици се составени од само еден преживеан јазик. Поврзаноста меѓу ителменскиот јазик со чукотските е далечна и скоро потврдена. Скоро сите говорници се двојазични и зборуваат руски. Сродност со останати јазични семејстваЧукотско-камчатските јазици, општо гледано, не се поврзани со ниту едно јазично семејство. Понекогаш се класифицирани со палеосибирските јазици. Оваа класификација е сèопфатна и ги опфаќа сите јазици кои се зборувале во Сибир пред доаѓањето на тунгуските и туркиските јазици. Според Џозеф Гринберг, јазиците се дел од евроазиските јазици, предложено макросемејство кои ги опфаќа индоевропските, алтајските и ескимско-алеутските јазици. Оваа теза е спорна, иако има јазичари кои ја поддржале. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia