Кантербериска митрополија
Кантербериска митрополија (англиски: Province of Canterbury) наречена и Јужна митрополија (Southern Province) — една од двете митрополии што ја сочинуваат Црквата на Англија.[1] Поделена е на 30 епархии што ги опфаќаат јужните две третини од Англија,[2] делови од Велс и Каналските Острови,[3] а остатокот ја покрива Европа (под јурсдикција на Епархијата на Гибралтар во Европа). Во минатото постела и трета митрополија, наречена Личфилдска метрополија, која постоела од 787 до 803 г.[4] Во 1871, Црквата на Ирска стекнала автокефалност, а во 1920 г. престанала да постои Црквата во Велс.[5] Митрополитот што стои на чело на Кантербериската митрополија е Архиепископот Кантербериски[5] кој е воедно надлежен за Фолкландските Острови како вонмитрополиска епархија.[6] ПоврзаноНаводиODCC = Oxford Dictionary of the Christian Church ed. Cross & Livingstone: 1974
|
Portal di Ensiklopedia Dunia