Кантербери е најголемиот регион во Нов Зеланд, со површина околу 42.200 км2. Ограничен е со реката Конвеј на север и Јужните Алпи на запад. Јужно границата му ја дефинира реката Ваитаки.
Регионот се дели на Северен Кантербери (северно од реката Ракаиа), Среден Кантербери (од реката Ракаиа до реката Рангитата) и Јужен Кантербери (јужно од реката Рангитата). За многу цели Јужен Кантербери се смета за посебен регион, со седиште во градот Тимару.
Административна поделба
Регионот се дели на 10 административни единици, од кои една е градска, а останатите се окрузи:
Кантербери има две главни вински области. Овие се Ваипара и околината на Крајстчерч, која обично се нарекува едноставно Кантербери. Во последно време сортни вина се прават и појужно во Куроу.
Во Кантербери доминира белото вино како ризлинг, совињон бланк, шардоне, гевурцтраминец, и во помала мера пино бланк и пино гри. Сортата пино ноар успева во областа, особено во Ваипара.