Северен Остров
На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров. Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот Остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.[3] Региони на Северниот ОстровСеверниот Остров, и околните острови и територијални води ги покриваат девет региони. Градови на Северниот Остров(помали населени места може да се најдат на Список на градови во Нов Зеланд.)
Географски поими
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia