Карадере (планина)
Карадере (грчки: Ελατιά, Елатија или Καρά Ντερέ, Кара Дере) — шумовито планинско подрачје во средишните и северните делови на Драмскиот (и делумно Кавалскиот) округ на Егејска Македонија кое се протега долж границата со Бугарија. Околу 90 % од пределот е прекриен со шуми, и тука се наоѓа истоименото село Карадере (Елатија) кое денес шумарски центар и туристичко место, а до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани пред да бидат протерани. Во околината исто така има многу напуштени села со иста судбина. Селото е на 72 км од градот Драма. Шумата е во сопственост на Шумарската служба на Грција, а селото е управен и оперативен центар на шумското подрачје.[1] Растителен и животински светНа карадере се наоѓа едиствената шума со смрча во Грција. Пределите се слични на оние во Средна и Северна Европа. Меѓу растителниот свет застапени се: На планината се застапени над 700 видови растенија. Многу од нив се ендемски за Балканот и ретки во Грција. Виреат најразновидни печурки, и од јадливите најзастапени се вргањот и јајчарката. Меѓу животните се среќаваат кафеавата мечка, дивата свиња, еленот, срната, дивиот зајак, волкот, дивата мачка, гулабот гривнаш, орелот, јастребот и клукајдрвецот.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia