Јасен
![]() ![]() ![]() Јасен (науч. Fraxinus) — род на цветни растенија од семејството на маслинките (Oleaceae). Опфаќа 45-65 вида на средни до големи дрва кои се претежно листопадни, со неколку суптропски зимзелени видови. Листовите се спротивно поставени и непарно перести, но и прости кај неколку вида. Семето се содржи во плодови кои се крилести оревчиња. Во Република Македонија, како автохтони се застапени белиот или обичен јасен (F. excelsior), полскиот јасен (F. angustifolia) и црниот јасен (F. ornus).[2] Некои видови
ЕкологијаЈасеновите лисја се храна за гасеницитее на некои видови пеперуги и молци. УпотребаЈасеновото дрво е тврдо и густо (над 710 кг/м3 кај обичниот јасен[5] и 670 кг/м3 (±20%) кај американскиот[6]), со значајна жилавост и голема цврстина, но сепак свитливо. Поради тоа се користи за изработка на лакови, рачки на алат, безбол-палки и други видови прачки што бараат голема сила и издржливост. Честопати јасеновото дрво се користи за изработка на електрични гитари, тапани и куќна столарија, и се добива фурнир за канцелариски мебел. Од него не се изработуваат предмети што стојат на отворено бидејќи срцевината не издржува контакт со земја,[5] и гние во рок од пет години. Во столарството, јасеновото дрво се смета за мошне погодно поради пријатниот конечен изглед, лесна обработка со струк и згодно за шајки, завртки и лепила.[6] Во минатото, каросеристите правеле трупови за кочии и автомобили, кои биле предвидени да се свиткуваат за амортизација. Од истата причина, јасенот бил многу важен за изработка на авиони во раните години на воздухопловството. Јасенот е мошне ценет и како огревно дрво, ќумур и како дрвен материјал за чадење. Од внатрешната кора на синиот јасен (F. quadrangulata) порано се добивала сина боја. Наречено по дрвото
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia