Карелски (karjala, karjal или kariela) — балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Карелскиот се зборува во руската Република Карелија. Карелскиот е сроден со финскиот јазик и некои фински јазичари го сметаат карелскиот за дијалект на финскиот јазик.[3]
Денес нема стандарден карелски јазик, па така секој писател си користи одреден дијалект. Пишаните норми биле развиени за севернокарелскиот, односно олонецкиот, тверскиот и лјудскиот дијалект. Сите дијалекти, освен тверскиот, се пишуваат на латиница.
Класификација
Карелскиот е дел од балтофинските јазици, од семејството на уралски јазици. Јазикот е сроден со финскиот јазик.[4] Финскиот и карелскиот имаат заеднички предок, пракарелскиот, кој се зборувал покрај брегот на езерото Ладога. Карелскиот создава дијалектен континуум со финскиот.[5] Порано финските јазичари го сметале јазикот за дијалект на финскиот, но денес не е така. Покрај овие два, во оваа група е и естонскиот јазик.
Распространетост
Карелскиот го зборуваат нешто над 30.000 лица во Русија, повеќето во Карелија. Карелскиот исто така се зборува во Финска, каде се проценува дека има околу 5.000 лица.[3] Поради војните и регрутациите во минатото, Карелијците во Финска не сочинуваат една компаткна заедница, туку се расштркани низ земјата.[6]
Статус
Во Република Карелија јазикот е признат за малцински јазик.[2] Од 1990-те има движење во Републиката кое се залага за давање службен стгатус на јазикот во Карелија.[7] Карелијците во Тверската област имаат национално-културна автономија и имаат право на употреба на карелскиот во училиштата и медиумите.[8] Во Финска, јазикот е признат како нерегионален национален малцински јазик.[9]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| Федерален јазик | |
---|
| Службени јазици | |
---|
|