Карлос Кастанеда
Карлос Кастанеда (поточно Карлос Кастањеда, шпански: Carlos Castañeda; 25 декември 1925 — 27 април 1998) — перуанско-американски писател. Започнувајќи со книгата „Учењето на дон Хуан“ во 1968 година, Кастанеда напишал серијал на книги во кои го опишува традиционалниот шаманизам. Неговите книги се продадени во повеќе од 8 милиони примероци, преведени на многу јазици. Книгите на Кастанеда, како и самиот тој, со години се контроверзни. Приврзаниците велат дека филозофијата и практиките кои се опишани во книгите се вистински техники за подигнување на свеста, додека останатите сметаат дека книгите се измислица. Сепак, неговата трета книга со наслов „Патот во Икстлан“ е призната како негова докторска дисертација, на УКЛА, универзитетот Лос Анџелес, Калифорнија. Во книгите, Кастанеда раскажува во прво лице еднина, затоа што тие претставуваат негови лични искуства додека бил ученик на индијанскиот шаман од племето Јаки, господинот Хуан Матус (Кастанеда го именува со шпанскиот збор за господин — „дон“), кого го сретнал во 1960 година, додека студирал антропологија. Кастанеда во своите книги вели дека Дон Хуан Матус ја забележал неговата енергетска конфигурација која соодветствува на онаа на еден „нагуал“, чиј дух може да стане водач на група пророци. Тој го користи терминот нагуал да го означи делот на перцепцијата кој се наоѓа во границите на непознатото, но сепак дофатливо за човекот, тврдејќи дека, во неговата група пророци, Дон Хуан е на некој начин врската со непознатото. Кастанеда честопати ова непознато го нарекува „невообичаена реалност“, што покажува дека тоа е всушност реалност, но дијаметрално спротивна на вообичаената реалност која луѓето, кои се длабоко понесени од секојдневните активности, ја доживуваат. ЖивотописМалку се знае со сигурност за животот на Кастанеда, затоа што самиот тој давал контрадикторни податоци за своето потекло. Сепак, се смета дека е роден на 25 декември, според едни извори во 1925 година во Кахамарка, Перу,[1] а според дуруги, тој е роден во 1931 година, во Саун Пауло, Бразил. Во 1950-те години се преселил во Америка, а во 1957 година добил државјанство. Во 1960 година, се жени со Маргарет Рунјан во Мексико. Заедно живееле само шест месеци, а се развеле дури во 1973 година. Се школувал на Универзитет на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА), отсек антропологија, каде во 1973 година се стекнал со титула — доктор по филозофија.[2] Првите три книги на Кастанеда Учењето на дон Хуан, Одвоена стварност и Патот во Икстлан,се пишувани додека Кастанеда бил студент по антропологија на УКЛА. Книгите се пишувани додека Кастанеда учел за индијанското знаење од човекот кого го нарекува дон Хуан Матус, Јаки Индијанец од северен Мексико. Како докторска дисертација е прифатена неговата трета книга — Патот во Икстлан. Во март 1973 година, во списанието „Тајм“ се појавува статија за Кастанеда[3]. Тоа е една од ретките статии, затоа што Кастанеда сè до 1990-те години избегнувал јавно да се појавува. Сепак, продолжува со објавување на своите книги, кои стануваат сè попопуларни. Вкупно има 12 книги, од кои две се печатени посмртно. Во 1990-тите години, Кастанеда решава повторно да се појави во јавност, овој пат за да ги промовира движењата наречени Тенсегрити, за кои тој тврдел дека се практикувани од 25 генерации на толтечки шамани. На 16 јуни 1995 година, е формирана корпорацијата Клиаргрин, која организира семинари и работилници за Тенсегрити, и ги препечатува книгите на Кастанеда. Клиаргрин издава и три видео касети со Тенсегрити. Кастанеда не се појавува на видео снимките. Се смета дека Кастанеда умрел на 27 април 1998 година во Лос Анџелес, по компликации од рак.[4] Без никаква погребна церемонија, Кастанеда е кремиран, а пепелта е испратена во Мексико.[5] Според учениците и приврзаниците на Кастанеда, тој го напуштил овој свет заедно со своето тело. Метафизички аспектиВештеркитеВо 1973 година, откако Кастанеда се повлекол од јавноста, купил куќа во Лос Анџелес каде живеел со три жени, познати како „Вештерките“. Откако се преселиле во куќата на Кастанеда, Вештерките ги прекинале сите контакти со роднините и пријателите. Исто така, одбивале да се фотографираат, и зеле нови имиња: Флоринда Донер - Греј (родена Регина Тал), Тајша Абелар (родена Марјан Симико) и Керол Тигс (родена Кетлин Полман). Сите три се појавувале на семинарите по тенсегрити, објавиле книги во кои се претставуваат себеси како ученички на дон Хуан, и повремено на радио давале интервјуа. Според Кореј Донован (попознат како Ричард Џенингс), создавачот на мрежното место Sustained Action: „Употребата на термиот Вештерки за трите жени за кои Кастанеда тврдеше дека исто така работеле кај дон Хуан датира од раните деведесетти години, кога беа објавени книгите на две од нив, во кои ги опишуваа своите искуства со дон Хуан и неговата група. Овие три жени се Флоринда Донер Грау, Таиша Абелар и Карол Тигс. Сите три се појавија, а понекогаш и држеа предавања на многуте Тенсегрити работилници кои започнаа во јули 1993 година, а Флоринда и Таиша се појавија за време на потпишување на книгите и повремено држеа предавања или даваа интервјуа на радио. Кратко по смртта на Кастанеда, Флоринда и Тајша исчезнале заедно со Патриција Партин (позната и како „Синиот скаут“). Талија Беј (претседателката на корпорацијата Клиаргрин, родена Амалија Маркез) и инструкторката по тенсегрити Кили Лундал ги исклучиле телефоните и исто така исчезнале. На 2 август 1998 година, Керол Тигз се појавила на една работилница во Охајо, и оттогаш никој ништо не чул за „Вештерките“. Луѓето задолжени за давање информации во јавноста од Клиаргрин, изјавиле дека тие се „на пат“, и толку. Постои спекулација дека сите извршиле самоубиство.[6] Поради тоа што овие жени ги прекинале сите врски со семејствата и пријателите, поминало доста време додека некој забележал дека ги нема. Не е покрената официјална истрага за изчезнувањата на Донер Грау, Симко и Ландал. Луис Маркез, братот на Талија Беј, го пријавил во полиција исчезнувањето на неговата сестра во 1999 година, но не успеал да ги убеди дека е потребна истрага. Тие го смениле мислењето во 2006 година, откако беа пронајдени смртните останки на Патриција Патрин и конечно полициската единица од Лос Анџелес ја стави Талија во базата на податоци за исчезнати лица.[7] ЧакмулиОвој извадок од брошура за работилницата „Тенсегрити“ бил објавен во Нагуалистичкиот билтен во 1995 година. Дон Хуан кажа дека огромните фигури што се спуштаат наречени Чакмули, од пирамидите во Мексико, се претставувања на чувари. Тој рече дека празнината во нивните очи и лица се должи на тоа дека тие се чувари на сонот, кои ги чуваат сонувачите и местата на сонување. Следејќи ја традицијата на Дон Хуан, Кајли Ландал, Рени Мурез и Нии Мурез ги нарекуваме Чакмули. Инхерентната енергетска поставеност на нивните суштества им дава единствена цел, вистинска жестокост и смелост, што значи дека тое се совршени чувари на сè што ќе одберат да го чуваат, без оглед дали е личност, идеја, начин на живот или што било. На нашата видео снимка, овие три чувари ги демонстрираат техниките на Тенсегрити бидејќи тие се најквалификувани за таа задача, бидејќи сите три ја завршија огромната задача да се соберат четирите посебни нишки на магични патеки пренесени од Дон Хуан и неговиот народ. — Карлос Кастанеда[8] Синиот извидникВо книгата Уметноста на сонувањето, Кастанеда зборува за една средба за време на сесија луцидно сонување со наводно свесно битие заробено од други неоргански суштества. Заробеното битие е наречено Син извидник, бидејќи неговата енергија била синикава и е енергетски извидник (што значи дека е надвор од вистинската состојба). Синиот извидник очигледно бил мамка употребена од неорганските суштества за да го заробат и Кастанеда. Но, наместо тоа, тие (Кастанеда и Синиот извидник) избегале со наводно соединување на нивните енергии. Наводниот резултат од соединувањето на нивните енергии е следењето на Синиот извидник на Кастанеда до нашиот свет. Освен тоа, Кастанеда тврдел дека му дал на Синиот извидник човечко тело со тоа што ѝ помогнал на Карол Тигс да го роди. На различни јавни настани беше носено и вистинско девојче, кое Кастанеда и Тигс го претставувале како Синиот извидник, а Тигс се нарекувала нејзина мајка. Сето ова е многу чудно, бидејќи девојчето беше Патриција Патрин која имаше вистинки биолошки родители. Посмртните останки на Патрин беа пронајдени во 2003 година, во близина на нејзиниот напуштен автомобил кој беше пронајден неколку недели по смртта на Кастанеда во 1998 година, на работ на Долината на смртта. Нејзините останки беа во состојба за која беше потребна ДНК идентификација, која беше направена во 2006 година. КонтроверзностСудски меркиОтповикување на рекламаНа 22 ноември 1995 година, Кастанеда преку својот адвокат Дебора Друз, поднел жалба против Виктор Санчес и Беар&Компани.[9] Жалбата се однесувалае на нарушување на заштитни знаци, лажни или неточни реклами, нелојална конкуренција и измама. Отповикување на тестаментЧетири месеци по смртта на Кастанеда, Ц.Ј. Кастанеда, исто така познат како Адријан Вашон, според чиј извод од книгата на родените е син на Карлос Кастанеда, го отповика тестаментот на Кастанеда во Суд за наследство. Долги години Кастанеда го именувал Вашон како свој син. Но, тестаментот бил потпишан само четири дена пред смртта на Кастанеда, па затоа Вашон ја отповикал неговата валидност. Ова на крајот завршило со неуспех.[10] НагуалНагуал е термин од книгите на Кастанеда кој го користи со двојно значење: нагуал е човек кој има способност да ги води другите кон нови состојби на свеста. Таков е учителот на Кастанеда — дон Хуан Матус, а „нагуал“ е и самиот Кастанеда. Од друга страна, „нагуал“ е и непознатата страна или димензија на реалноста, а негова спротивност е „тонал“ или секојдневниот свет. Рекапитулација
Рекапитулација е термин кој Кастанеда го користи во неколку книги, а за првпат го споменува во книгата „Орловиот подарок“, печатена во 1982 година. Една од жените од дружината на дон Хуан, му ја објаснува на Кастанеда целта и процесот на рекапитулацијата. Тоа е процес на „детално присеќавање на целиот свој живот“, а наградата е да се отстранат сите ограничувања на егото.[12] Преку процесот на рекапитулација, човек се ослободува од сите емоции, со тоа што повторно ќе ги проживее. Намера
Трагање и сонување се два метода кои се користат за да се постигне некоја намера. Трагачот (оној што користи трагање) вежба да ја постигне намерата преку наоѓање начини, а во соработка со духот, додека сонувачот, тоа го постигнува преку вообличување на своето „сонувачко тело“. БиблиографијаКарлос Кастанеда има напишано и објавено 12 книги, од кои две се објавени посмртно:
Објавени се десетина интервјуа со него. Малиот број на интервјуа се должи на фактот што Кастанеда не сакал да се појавува во јавноста. Но затоа, критичарите на неговите книги се бројни. Следуваат во оригинал: КритикаГолем број академици ги критикуваат делата на Кастанеда, а некои ги сметаат за мошне сомничави во смисла на антрополшка теренска работа, особено во врска со тоа до каде тој оди со присвојување на истражувањата на Барбара Мајерхоф без нејзино признавање, фикционализирајќи врз основа на нејзиното теренско истражување. Разни критичари се обидоа да ги усогласат сметките на Кастанеда со неговото лично минато и оние на неговите „чираци“, но безуспешно. Некои настојуваат дека ова е доказ дека приказните се измислени, но други пак веруваат дека Кастанеда направил тежок личен напор да го избрише личното минато, во согласност со принципите што ги научил кај стариот нагуал, Дон Хуан Матус, кој започнал со истата процедура претходно. Еден противречен аспект на неговата работа е описот на употребата на психотропни растенија како средства за предизвикување различни состојби на свеста. Во првите две книги Кастанеда го опишува Јаки патот до знаењето според кој треба да се употребуваат локални енергетски билки како помошна алатка, како пејотл и диворец. Во неговата трета книга, Патот до Икстлан, става до знаење дека употребата на психотропни билки (енергетски билки) или супстанции не е потребна за да се постигне висока свесност, иако неговиот учител ги препорачувал како корисни во ослободувањето на инаетливиот ум кај некои луѓе. Тој вели дека Дон Хуан ги употребувал за да му покаже дека доживувањата надвор од оние познатите во секојденвниот живот се вистински и опипливи. Во Патот до Икстлан, третата книга од серијата тој напиша: Мојата перцепција за светот низ призмата на ефектите од тие психотропни растенија беа толку бизарни и импресивни што бев приморан да претпоставам дека тие се единствениот пат за комуницирање и учење на она што Дон Хуан сакаше да ме научи. Таа претпоставка беше погрешна. Според Роберт Џ. Валис, во неговата книга од 2003 година, Шамани Неошамани: спорни екстази, алтернативна археологија и современи пагани: На почетокот, и покрај поткрепеноста со академски квалификации и од антрополошкиот оддел на УКЛА, работата на Кастанеда беше критички прифатена. Значајни американски антрополози од старата школа како Едвард Спајсер (1969 година) и Едмунд Лич (1969 година) го величаа Кастанеда, заедно со поалтернативните млади антрополози како Питер Фурст, Барбара Мајерхоф и Мајкл Харнер. Веродостојноста на Дон Хуан беше прифатена шест години додека Ричард Де Мил и Даниел Ноел заеднички не ги објавија своите критички излагања за книгите за Дон Хуан во 1976 година (Де Мил објави и дополнето издание во 1980 година). Повеќето антрополози беа уверени во автентичноста на Кастанеда сè додека, всушност, не најдоа причина да се сомневаат во неа, но, особено прецизните анализи на Де Мил ја нарушија веродостојноста на работата на Кастанеда. Под превезот на антрополошкиот факт стоеше огромно несовпаѓање во податоците: книгите се контрадикторни во деталите за време, место, секвенца и опис на настаните. За приближно сè што Карлос напишал има веројатни објавени претходни извори (види особено Биалс 1978 година) и најмалку една средба е етнографски плагијат: Рамон Медина, Хуикол шаман, информатор на Мајерхоф (1974 година), прикажал акробатски подвизи на водопад и според Мајерхоф, го направил тоа во присуство на Кастанеда (Фајкс 1993 година). Потоа, во Одделна реалност, пријателот на Дон Хуан, Дон Генаро прави сличен скок преку водопад со помош на натприродни сили. Како дополнување на овие противречности, различни автори тврдат дека пустината Сонора која Карлос ја опишува е неуверлива, а дека Јаки шаманството кое го разоткрива не е воопшто Јаки, туку синтеза на шаманство од други места (на пр. Биалс 1978 година). Уште во 1973 година магазинот Тајм го поставил прашањето: ... сè повеќе се признава важноста на делата на Кастанеда во светот, т.е. тие се антропологија, специфичен и вистинит приказ на аспект од мексиканско-индијанската култура прикажани во говорот и дејствијата на еден човек, шаман по име Хуан Матус. Доказот зависи од кредибилитетот на Дон Хуан како суштество и на Карлос Кастанеда како сведок. Но, сепак нема никаква поткрепа на записите на Кастанеда дека Дон Хуан го направил тоа и многу малку докази дека тој воопшто постои. Сериозни аналитички критика за делата на Кастанеда се појавија дури во 1976 година кога Ричар Де Мил ја објави книгата Патувањето на Кастанеда: моќта и алегоријата, во која тој расправа за логичните и хронолошки грешки во наративниот состав како најдобар доказ дека делата на Кастанеда се фиктивни. Ако никој не ги откри овие грешки претходно, тоа сигурно е поради тоа што никој не ги подредил настаните од сите три книги последувателно. Откако ова ќе се направи, грешките се неодминливи. Како пример за ова Де Мил ја зема врската на Кастанеда со вештерка по име Ла Каталина. „Во октомври 1965 година Карлос-Еден доживеал толку неочекувано и потресно искушение/мачење што се повлекол од неговата работа и го избегнувал Дон Хуан повеќе од две години. Мачењето претставувало целоноќно соочување со моќен непријател кој го земал обликот на Дон Хуан, но не и неговиот вообичаен од и говор... Чудно, кога Карлос-Еден го молел Дон Хуан да му објасни што се случило во текот на тој немил настан, разговорот започнал со шпекулации за идентитетот на жена (нагласува Кастанеда) која ја грабнала душата на Карлос и го позајмила обликот на Дон Хуан. Оваа жена не е именувана и читателот е оставен да мисли дали галванизирачката имитаторка е всушност некоја пријателски настроена вештерка по име Ла Каталина која на кратко е спомената на 23 ноември 1961 година, четири години претходно. Во тоа време Дон Хуан рекол дека тој прави скришен план да ја докрајчи за што ќе му каже на Карлос-Еден некогаш. Кутриот Карлос-Еден мораше да чека десет години да ги открие тие планови во Приказни за моќта, но Табела 2 открива дека Карлос-Два, патувајќи низ паралелна временска патека, ги изнесе тие планови со умерен успех есента 1962 година, кога ја сретна магичната жена шест пати по ред, еднаш како крадлив и нејасен ќос, друг пат како силуета која плови и четири пати лице в лице во целиот нејзин злобен слај, како убава, но засташуачка жена. Како реакција на овие средби тој почувствувал како му горат ушите, се дави, рацете му се студени, телото оладено, а рацете и нозете скочанети. Влакната на неговото тело буквално биле накострешени. Тој пуштил крик и паднал на земја. Се парализирал. Почнал да бега и повеќе не можел да зборува. Сега ние треба да поверуваме дека антрополог од крв и месо која ја доживеал оваа жестока натприродна авантура со прекрасна вештерка во 1962 година не се сеќава на нејзиното име во 1965 година, не ја поврза последната средба и претходните шест кога листаше низ белешките од теренските истражувања седејќи безбеден во својот стан, не сфати се кога и даде име во неговата прва книга, но се сеќаваше толку јасно како штотуку да се случило на 22 мај 1968 година, на првите страници од неговата втора книга. Дури и да поверуваме во оваа невообичаена амнезија, ќе треба да ја земеме превид и неможноста на Дон Хуан да ја именува Ла Каталина во 1965 година. Сложувалката лесно се решава ако преминеме од фактите на фиктивниот модел. Неочекуваниот крај на Учењата не е симптом на етнографска замореност од битки бидејќи нашиот борец веќе доживеа шест вакви битки со летачки бои. Ова е само подготовка за следната епизода, неизвесност која нèе прави гладни за уште една книга. Според ова, едно е сигурно. Учењата на Дон Хуан и Патот до Икстлан не можат да бидат реални настани.“ Во Моќта и алегоријата Де Мил ја споредува Учењата на Дон Хуан:Јаки пат до знаењето со посетите на Кастанеда на библиотката на УКЛА. Докуметирано е дека тој седел во библиотеката додека неговиот дневник вели дека живеел во колибата на Дон Хуан. Едно од најзначајните откритија кој Де Мил ги направи е дека кога Кастанеда тврдеше дека учествувал во традиционална пејотска церемонија, најмалку фантастична епизода од употреба на дрога, тој не само што седел во библиотеката, туку и читал туѓо искуство на пејотска церемонија. БиблиографијаПовеќе информации: Библиографија за Карлос Кастањеда
Автори поврзани со Кастанеда
Сродни книги
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia