Астрална проекцијаАстрална проекција или астрално патување — езотериско толкување на искуствата наречени „патувања надвор од телото“, при што астралното тело се одвојува од физичкото тело.[1][2] За разлика од сонувањето, астралната проекција може да се практикува намерно. ![]() Идејата за астрално патување се заснова на општоприфатеното религиозно објаснување за задгробен живот,[3] а патувањето на душата е опишано со термини како „патување надвор од телото“ при што патувачот го напушта своето физичко тело и патува со суптилното тело (или сонувачкото тело или астралното тело) во `други` области“.[4] ВерувањаАстрална проекција или астрално патување се однесува на астралното тело или двојникот кое е дел од физичкото тело на човекот и кое може да патува низ астралот. Астралното тело во класичната средновековна и ренесансна неоплатонистичка филозофија, како и во подоцнежните објаснувања на теозофијата и розекрајцеризмот, е светлосно тело кое ги соединува душата и физичкото тело, а астралот е свет на светлина, кој се состои од сфери на планетите и ѕвездите, и претставува простор меѓу небото и физичкиот свет. Овие астрални сфери се смета дека ги населуваат боговите, ангелите, демоните и духовите.[5][6] Идејата за астралното тело се појавува во трудовите на францускиот окултист од 19 век, Елифас Леви, а потоа е присвоен од теозофите и од херметичкиот ред Златна зора. Теозофите нашле поврзување на оваа идеја со некои древни текстови хинду.[7] Терминот „астрална проекција“ се користи на два начина. Во редот „Златна зора“[8] и кај некои теозофи[9] се задржува класичното средновековно филозофско значење - патување во други светови,[10] но надвор од овие редови, терминот означува какво било нефизичко патување во рамките на физичкиот свет, а не само низ астралот.[11]. ![]() Астрална проекцијаНајчесто при астрална проекција, оној што ја прави опишува дека се наоѓа во сфера која нема допирни точки со физичкиот свет. Околината може да биде исполнета со ентитети, но и не мора, може да е вештачка или природна, а најчесто потполно апстрактна, пријатна или стравична. Општоприфатено е верувањето дека оној што влегува во астрална проекција има пристап до мистичното знаење наречено Акашки записи. Речиси во сите случаи на астрална проекција, се влегува во астрален свет кој е налик на сон.[12] Некои изјавуваат дека самото „заспивање“ означува влегување во проекција.[13] Астралната околина се дели на „нивоа“ или „светови“. Постојат бројни различни толкувања на структурата на астралните светови во различните традиции.[12][13][14] Етерична проекцијаСпротивно од астралната проекција, таканаречената „етерична проекција“ се опишува како способност да се движиш низ материјалниот свет, но со етеричното тело, кое обично (но не секогаш) е невидливо за луѓето кои се во своето физичко тело. Роберт Брус, Њу ејџ писател од Австралија, оваа проекција ја опишува како нефизичко ниво кое е најблиско до физичкиот свет.[15] Споре окултистот и мистикот Макс Хендел, етеричкото тело е медиум меѓу астралниот и физичкиот свет. Според него, етерот е прана, „животна сила“ која ги овозможува промените кај физичките форми. Од ова објаснување произлегува дека кога некој при своето искуство на проекција го гледа физичкиот свет, тој воопшто не е во астралниот свет.[16] Во книгите на Карлос Кастанеда проекцијата која е наречена „сонувачко тело“ е токму оваа етерична проекција. ПрактикувањеВо окултните традиции, практикувањето вклучува разни состојби — од состојба на транс до состојба на визуализација и контролирано дишење. Во трудовите на Алистер Кроули, се употребува терминот „Тело од светлина“, а при неговата употреба се префрла свеста од физичкото тело во него, како чин на волја.[17] Старите шамански традиции на Индијанците, етеричното тело односно „сонувачкото тело“ го користат во секојдневието за обавување на некоја работа на голема далечина, кога не е можно да се стигне со физичкото тело. Ова е посебно објаснето во книгите на Карлос Кастанеда.[18] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia