Каролос Папуљас
Каролос Папуљас (грчки: Κάρολος Παπούλιας; роден на 4 јуни 1929 во Јанина - 26 декември 2021 година) е грчки политичар и моментален претседател на Грција. Претходно, Папуљас бил Министер за надворешни работи на Република Грција. Папуљас е роден во градот Јанина. Тој е син на генералот Григорис Папуљас. Папуљас студирал на правниот факултет во Атина, како и на Миланскиот универзитет. Тој поседува диплома по меѓународно право од универзитетот во Келн. Како поранешен шампион во атлетика и одбојка, тој бил претседател на спортскиот сојуз на Грција во продолжение на 25 години. Тој бил еден од основачите на ПАСОК и близок соработник со Андреас Папандреу. Извршувал неколку државни функции, и тоа:
Во текот на декември 2004 година, тогашниот премиер Костас Караманлис и претседателот на опозициската партиа ПАСОК, Јоргос Папандреу, го номинирале Папуљас за претседате на Грција. Така, со голема поддршка од страна на парламентот, тој на 8 февруари 2005 година бил избран за претседател, заменувајќи го Костис Стефанопулос.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia