Јоргос Папандреу (помладиот)
Јоргос Папандреу (грчки: Γεώργιος Α. Παπανδρέου, [ʝeoɾʝios papanðɾeu], роден на 16 јуни 1952), е грчки политичар и поранешен премиер на Грција. Неговото семејство потекнува од долгогодишна политичка династија која е присутна во поновата историја на Грција. Почеток на политичката кариераВо текот на 1939 година, таткото на Папандреу, Андреас Папандреу бил прогонет од Грција како премиер на државата. Тој заминал во САД каде е роден Јоргос од мајка американка. Тој се образувал во училишта во Илиноис, Шведска и Канада и поседува дипломи од Емерст колеџ, Лондонската школа по економија и Харвардскиот универзитет.[1] Во Грција се вратил заедно со своето семејство по обновата на демократијата во 1974 година. По доаѓањето во Грција, тој се присоединил кон партијата на својот татко. Во 1981 година Јоргос бил избран за пратеник во Собранието на Република Грција. Претходно, неговиот татко Андреас бил основачот на ПАСОК и бил премиер во два наврата, а пак дедо му по когого добил името, Јоргос, ја вовел Грција во либералните промени.[2] ПАСОККормилото на ПАСОК го преземал во јануари 2004, по повлекувањето на тогашниот премиер Костас Симитис а на партиските избори и официјално станува водач на партијта. Во изминативе години успеал да ги зацврсти позициите на социјалистите што пак му ја донело позицијата на претседател на социјалистичаката интернационала, светска организација која ги обединува лево ориентираните водачи. Предизборната кампања му се зановала на ветувања за борба против невработеноста и програма за јакнење на банкарскиот систем.Кампања кои многумина ја поистоветија со зборовите на Барак Обама. МинистерВо текот на 80-тите и 90-тите години, Папандреу извршувал многу важни функции во грчката влада меѓу кои и министер за образование. Круна на неговата кариера бил изборот за шеф на дипломатијата во 1999 година, кога придонел во смирувањето на долгогодишните тензии со соседна Турција. Тој претходно бил министер за образование и верски работи (1988-1989 и 1994-1996) и министер за надворешни работи од 1999 до 2004 година. По неговиот дедо, Јоргос Папандреу, и неговиот татко Андреас Папандреу, тој е третиот член на семејството Папандреу кој станал премиер на земјата. Папандреу моментално е водач на грчкото социјалистичко движење (ПАСОК), од 2004 година. Во 2006 година станал претседател на Социјалистичката интернационала. Јоргос Папандреу стана 182-иот Премиер на Грција на 6 октомври 2009 година[3][4]. Премиер на ГрцијаПо инаугурацијата, владата на Папандреу открила дека нејзините финансии се во многу лоша состојба, со буџетски дефицит од 12,7% од БДП, четири пати повеќе отколку еврозоната, а јавниот долг на земјата изнесувал 410.000.000.000 $.[5] По оваа официјално соопштение од страна на грчките власти, земјата влегла во голема економска криза, со стапка на невработеност од 10%[6]. Папандреу изготвил серија од мерки за штедење,[7] намалувајќи ги државните плати и пензии од една страна и зголемувајќи ги даноците во земјата од друга, како прва фаза од мерките за штедење.[8] Освен ова, биле воведени дополнителни мерки насочени кон борбата против неконтролираното затајување на данок[9] и намалување на вработените во јавниот сектор. Оваа програма за штедење предизвикала голем број на штрајкови по целата земја во Грција[10] и истата била критикувана на дел од министрите за финансии од Еврозоната.[11] Решавањето на долготрајниот спор околу името со Македонија и помагањето за забрзување на кипарските мировни разговори, се само некои од предизвиците на надворешната политика со кои се соочува владата на ПАСОК. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia