Карпеста треперка
![]() Карпестата треперка (науч. Anthus spinoletta) е мала врапчевидна птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува во планините на јужна Европа и јужна, умерена Азија до Кина. Таа е птица преселница на кратки релации, селејќи се на влажните, ниски отворени простори зимно време. Оваа птица ја има во Македонија. ОписКако и повеќето треперки, и карпестата е незабележителна на земја со својата криптичка обоеност, претежно кафеавкава со посветли и потемни линии одозгора и кремава со темни линии одоздола. Нозете ѝ се темни, опашката бела и има долгнавест темен клун. Летно време има впечатливо перје за време на сезоната на парење - со розовикави гради, сива глава и светла линија над окото.[2][3] Подвидот на камената треперка (Anthus petrosus) littoralis лете е многу слична на карпестата треперка. Се разликуваат по пеењето,[4] и по живеалиштето, дури и кога живеат во исти области.[5] Карпестата треперка е многу поплашлива и веднаш бега напуштајќи го местото ако ѝ се приближуваш. Двата вида се преклопуваат во својата распространетост само во мала област во Средна Азија.[6] ПоведениеЖивеалиштето на карпестата треперка се тундрите, ливадите со висока трева, но и крајбрежјата. На планините живее до височини каде достига вечниот мраз. Овој вид се храни со инсекти. Огласувањето му е експлозивно фит, а песната содржи 5 блока од 6 ноти кои завршуваат со повторливи трилови.[5] Гнездото го прави длабоко скриено во високата растителност. Несе 4-5 јајца, во април или на почеток на мај, кои ги инкубира само женката 14-15 дена. Потоа обата родитела се грижат за пилињата. СистематизацијаПорано, како подвидови на карпестата треперка беа вклучени: камената треперка (Anthus petrosus) и американската треперка (Anthus rubescens) кои сега се издвоени како посебни видови.[7] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia