Каршијак (Пиринска Македонија)Каршијак или Каршијака (бугарски: Каршияк, Кършияк, Каршияка; од турски: Karşıyaka - „спротивна страна“ или „спротивен крај“) — историско-географска област во западна Пиринска Македонија. Го опфаќа оној дел од Малешевијата западно од реката Струма, односно по источните падини на Малешевските Планини. [1] Каршијак се наоѓа во северниот дел на Петричко. Наречен е така по тоа што се наоѓапе „од другата страна на реката“, и тоа во подножјето на Кадиница. Населен е пред неколку стотелија и тоа главно од преселници од Малешево. Тие беа и основачи на најсеверните села во Петричко, односно на Брезница, Мораска (денеска Моравска) и Сливница (во XVI век). Меѓутоа, ова население го прими исламот и по 1912 година се исели во Турција, а на нивно место дојдоа протераните Македонци од Беломорската етничка област. [2] Во прво време по населувањето, додека населението беше помалубројно, луѓето егзистираа од земјоделство. Но, откако бројот на населението се зголеми, многу луѓе од Каршијак заминуваа како аграти во Мелничко. [2] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia