Сливница (бугарски : Сливница ) — село во Горноџумајско , Пиринска Македонија , во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област , југозападна Бугарија .[ 2]
Историја
Отоманско Царство
Во текот на XIX век, селото било во составот на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство .
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. во Сивница (Sivnitsa ) имало 23 домаќинства со 52 муслимани.[ 3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 година селото имало 155 жители, сите Турци.[ 4]
Бугарија
По крајот на Балканските војни , селото било вклучено во составот на Бугарија .
На 30 декември 2015 г селото Будилци било припоено кон Сливница.[ 5]
Географија
Селото Сливница се наоѓа во планинска област. Се наоѓа на околу 3 км јужно од центарот на градот Кресна и приближно 37 км јужно од центарот на градот Благоевград .
Атарот на селото на исток се граничи со коритото на реката Струма , на север со Добромирска река , на запад со границата со Македонија и на југ со Сулево Дере .
Население на Сливница по попис[ 7]
Година
1934
1946
1956
1965
1975
1985
1992
2001
2011
Жители
98
209
303
646
700
680
687
623
599
Население по возраст од 2011 година [ 8] :
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[ 9]
Број на население
Вкупно
599
Бугари
582
Турци
-
Роми
-
Останати
-
Не се определиле
-
Без одговор
13
Наводи
↑ www.grao.bg
↑ Guide Bulgaria , Accessed May 5, 2010
↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
↑ Решение на Министерски съвет № 993 от 18 декември 2015 г. Обн. ДВ. бр. 103 от 30 декември 2015 г.
↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul . Архивирано од за населението на с. Сливница, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04 .
↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18 .
↑ Попис на населението од 2011 година
Градови Села
во загради: 1 ново име сменето од бугарската држава · 2 старо изворно име